Најпопуларниот рецепт од Инстаграм и тоа со причина. Овие колачиња се лесни за подготовка,не е потребно НИКАКВО брашно,содржат минимални и едноставни состојки и може да се адаптираат и персонализираат на многу начини.Превкусни се вака како што се ама ако се чувствувате храбри и креативни слободно додадете какао да добиете чоколадни колачиња, ако се додадат чоколадни парчиња да бидат chocolate chip cookies,да се додаде брусница или суво овошје за овошни колачиња и други мал милион опции.

Колачиња со бадем и кокос

Состојки

  • 100 гр. мелени бадеми
  • 60 гр. сув кокос (кокосови снегулки)
  • 1/4 лажичка ѓумбир во прав*
  • 1/4 лажичка морско оревче во прав*
  • 1 лажичка цимет*
  • малку сол
  • 1 јајце (на собна температура)
  • 4 лажици мед
  • 4 лажици кокосово масло (на собна температура)
  • 1 лажичка ванила

*Овие зачини се додаваат по желба меѓутоа топло ви препорачувам да ги додадете затоа што прават огромна разлика во вкусот и мирисот на колачињата. Внимавајте со морското оревче и ѓумбирот затоа што вкусот е доста јак и потребна е многу мала количина

Начин на подготовка

  1. Се загрева рерната на 180º и се подготвува тава за печење така што се поставува хартија за печење или пак се премачкува со малку масло за да се избегне лепење на колачињата
  2. Во голем сад се додаваат сите состојки и користејки дрвена лажица или маталка се меша се додека не се добие соединета смеса. Може да се користи и мулти практик,сецко или рачен миксер за полесно соединување на смесата
  3. Доколку се користат некои додатоци како чоколадни парчиња, суво овошје или јаткасти плодови сега е време да се додадат во смесата
  4. Смесата се остава во фрижидер најмалку 20-30 минути за да зацрвсти. Може да се остави и од вечерта претходно
  5. Од смесата се формираат топчиња во големина на една полна голема лажица и се сплескуваат помеѓу дланките за да се добие форма на колаче
  6. Се поставуваат на тавата за печење со доволно простор помеѓу нив. Колачињата при печење ќе се растечат и е потребно простор за да не се слепат
  7. Се печат 12 минути односно додека не добијат златеникаста боја од страните
  8. Се оставаат комплетно да се оладат пред да се тргнат од тавата за печење. Ќе бидат доста меки кога ќе се извадат од рерна меѓутоа како се ладат така и зацврстуваат па важно е да не се прескокнува овој чекор
  9. Колачињата може да се чуваат во затворен стаклен сад на собна температура 4-5 дена или во фрижидер до 6-7 дена.
(Visited 2.118 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *