ОМГ. Колачињава ???? Незнам како да кажам, а да не звучи премногу ама НЕМА да ви се верува колку се вкусни. Нека не ве излаже листата на состојки. Иако нема брашно,путер,рафиниран шеќер и што ли уште не што ставаат во купечки колачи вкусот е нереално добар. Надворешноста е перфектно крцкава а внатрешноста толку мека што е перфектниот баланс и се она што бараме во колаче. Фактички потребни се само три главни состојки оревчиња, кокосов шеќер и жолчки од јајца останатите состојки се само зачини. Генијално нели ?!
Без дополнително тормозење одиме на рецептот и секако ако го пробате обавезно пратете ми слика или фидбек на Инстаграм. Секогаш ме радува кога гледам дека ги пробувате моите рецепти и уживате во нив.
Колачиња со оревчиња (без брашно)
Состојки
- 150 гр. ореви
- 45 гр. кокосов шеќер*
- 2 жолчки од јајца
- 1 лажичка ванила
- 1/2 лажичка цимет
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- Малку сол
- Неколку оревчиња исецкани на ситни парчиња за топинг
* Кокосов шеќер може да се најде во сите поголеми супермаркети во делот за здрава или органска храна. Доколку немате опција за кокосов шеќер може да се замени со кафеав шеќер меѓутоа не го препорачувам кафеавиот шеќер како дел од здрава исхрана.
Начин на подготовка
- Се загрева рерната на 160º и се поставува хартија за печење на тава за печење
- Оревчињата и пола од кокосовиот шеќер се додаваат во блендер или мултипрактик и се пулсираат се додека не се измелат и не се добие смеса на брашо. Внимавајте да не претерате со блендирање за да не добиете путер од ореви ☺️
- Смесата се додава во длабок сад и се додаваат сода бикарбона, цимет и малку сол. Се промешува
- Во оделен длабок сад се додава остатокот од кокосовиот шеќер заедно со жолчките и ванилата и користејки маталка се мати се додека не се соедини. Волуменот и густината на смесата треба да се зголеми двојно. Можеби се потребни 1-2 минутки константно матење за да се постигне ова. Исто така ова е супер arm workout 😉
- Течната смеса се додава во садот со смесата од ореви и лесно се промешува за да се соедини
- Се формираат топчиња во големина од 2 лажици и се додаваат на тавата за печење. Се израмнуваат за да се добие форма на колаче. Со оваа смеса и во оваа големина одприлика излегуваат 8 колачиња, сепак големината и формата е по сопствена желба
- Се додаваат исецканите оревчиња на површината и нежно се притискаат за да се вдлабнат малку во смесата
- Се печат 10-12 минути
- Кога ќе се извадат од рерна ќе бидат многу меки и нестабилни па се оставаат да се оладат пред да се тргнат од тавата
- Колачињата може да се чуваат на собна температура во затворен сад 5-7 дена