Прашањата поврзани со колаген се едни од оние прашања што ги добивам секојдневно на Инстаграм. Откако пред 2 години првпат споделив дека секојдневно го конзумирам и кои се придобивките од тоа, се повеќе и повеќе има недоразбирања, прашања и збунетост во врска со оваа тема. Го направив овој мини водич и се надевам дека ќе ви се разјаснат некои работи и дека ќе ви помогне да се одлучите дали сакате/имате потреба да го користите или не.

ШТО Е КОЛАГЕН

Колаген е најобилниот протеин во нашето тело кој помага и е структурен дел од косата, ноктите, кожата, коските, лигаментите и тетивите во нашето тело. Благодарение на колагенот кој што нашето тело го произведува имаме сјајна коса и кожа ,цврсти нокти, силни коски, еластичност на кожата и слично. За полесно да разберете што значи тоа гледајте го тоа на овој начин – КОЛАГЕНОТ Е ТОА ШТО ГО ДРЖИ ЗАЕДНО ЦЕЛОТО НАШЕ ТЕЛО.

Стареењето, брзиот начин на живот и стресовите кои влијаат на нашето тело исто така влиаат и на производството на колаген. Ова е нормално и се случува кај секој а многу студии укажуваат на тоа дека телото произведува значително помала количина на колаген после 25тата година.

Постојат најмалку 28 типови на колаген од кои тип I,II и III го зафаќаат поголемото количество од нашето тело односно 80 до 90 % .

Како што напоменав погоре,со текот на времето и стареењето, производството на колаген драстично се намалува а со тоа се намалуваат и тие ефекти кои што колагенот ги создава. Со надополнување на тоа количество во форма на додаток во исхрана или суплемент ги добиваме следниве бенефити:

ЗДРАВА, СЈАЈНА И ЕЛАСТИЧНА КОЖА

Kолагенот е главна компонента на кожата и со ова придонесуваме одржување на сјајна, мазна и еластична кожа. Поголема еластичност = помалку брчки. 

ПОМАГА ВО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ И НИВНА ПОДОБРА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Колагенот помага во одржување на интегритетот на ‘рскавицата што е ткиво како гума која  помага во штитење на зглобовите. Затоа ќе забележите дека многу спортисти го користат како додаток во исхраната.

ГО ОДРЖУВА ЗДРАВЈЕТО НА КОСКИТЕ И НИВНАТА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Коските се создадени од колаген и тоа е она што ги одржува силни.Со конзумирање на дополнително количество колаген може да се избегнат повреди, губење на коските, остеопороза и лесно кршење на коски при повреда.

Останати бенефити:

  • Дополнување на внесот на протеин во исхраната
  • Здрави, сјајни и цврсти нокти и коса
  • Здравје на срцето
  • Подобрување на работата на цревата 
  • Го подобрува сонот

И многу многу други. Иако е важно да се напомене дека некои од овие бенефите се докажани со одредени истражувања меѓутоа не гарантираат дека ќе го имаат истиот ефект кај секој поединец.

ХРАНА КОЈА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЛИЧЕСТВОТО НА КОЛАГЕН:

  • Сврзните ткива на животните како нивната кожа. Ептен бљак – знам
  • Храна што содржи желатин како коскена супа или по наше ПАЧА !! Уште по бљак – ЗНАМ

Ако ова не ти звучи баш привлечно – имам многу полесен и поефективен начин така да продолжи со читање… 

Хидролизиран колаген или колаген во прав кој се користи како додаток во исхраната и нема мирис и вкус. Брендови кои сметам дека се веродостојни и оние кои јас ги користам се овие

https://www.vitalproteins.com/collections/collagen/products/collagen-peptides

https://shop.furtherfood.com/products/collagen-peptides-protein-powder

И двата се одличен избор и имаат достава до Македонија. Моментално на нашиот пазар НЕМА колаген кој што е чист и во форма како овие два. Има повеќе типови од кои телешки колаген и рибји, што значи дека ако од етички причини избегнувате храна и суплементи од месо, тогаш тој со риба би бил правиот избор. Како што напоменав немаат вкус и мирис, лесно се растворливи па нема да имате проблем да ги додавате во смути, кафе, чај или вода еднаш дневно со препорачаната дозерка која доаѓа заедно со суплементот. 

Сега кога дојдовме до крајот би сакала да напоменам неколку работи и често поставувани прашања кои ги добивам.

→ До сега не се пронајдени несакани ефекти од користење на колаген.

→ Безбедни се за користење на трудници меѓутоа би препорала да се консултирате со вашиот лекар или стручно лице пред употреба.

→ Колагенот е суплемент што помага за здравјето и убавината на телото меѓутоа не очекувајте некој магичен трик или нереални резултати. Со текот на времето и константно конзумирање може да приметите некои одредени бенефити,но ако очекувате дека за 1 месец наеднаш кожата ќе ви стане мазна или ноктите големи тогаш ќе морам да ве разочарам ама не фукнционира така 😞.

→ Не постои одреден период на конзумација. Може да го користите засекогаш а може и никогаш. Тоа останува на вас и вашите лични потреби и желби.

→ Пред употреба секако направете сопствено истражување и прочитајте малку повеќе. Јас лично топло би ви препорачала да инвестирате во нешто вакво за здравјето на целото телото.

(Visited 6.674 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *