ОМГ дечки !! Оставете што и да правите и брзо во кујна да ги направите овие КРЕКЕРИ!! Не ве заповедувам или нешто ама толку сум возбудена за рецептов што мислам дека мора ама МОРА да го пробате.

Крекериве беа in the making веќе 2 месец со многу утки и падови ама конечно на крај го имаме финалниот рецепт. 

Е сега ќе ме прашате, е што е толку добро во овие крекери и јас одма сум спремна и тоа со неколку аргументи кои ќе ви ги споделам веднаш:

→ Состојките во овие крекери се толку перфектни и едноставни што ми се полни душава. Сигурно мислите дека сум драматична, ама знаете колку сакам производ со добри, чисти и здрави состојки и кога се тоа доаѓа во толку вкусен, а сепак едноставен финален продукт ми е ептен ego boosting момент зошто уште еднаш се воодушевувам од колку здравите состојки прават чуда. 

→ Сите знаеме дека семките се едно мало богатство што ни го дава природата, а овие крекерчиња содржат 5 типа на семки па еве вие направете ја математиката 😊

→ Овие крекери се исто така посни, вегански, вегетеријански, палео, кето па одговараат скоро на секоја “диета” и начин на исхрана. 

→ Инаку овие крекери се исто така со мало количество на јаглехидрати па доколку внимавате на тоа – тогаш ова е дефинитивно за вас

→ Може да ги грицкате како ужинка, да ги додадете во салатка како замена на крутони, со намази како хумус или Грчки јогурт и многу други варијанти.

→ Може да ги адаптирате според споствен вкус со тоа што ќе ги менувате зачините. Може да им додадете куркума, кари, медитерански зачини, црвена пиперка, чили или слично и да си направите некоја своја верзија што вам ќе ви одговара најмногу.

Доколку имавте некоја мала сомнеж се надевам ве убедив и ќе им дадете шанса

Крекери

Состојки:

  • 80 гр. (1/2 cup) чиа семе
  • 65 гр. (1/2 cup) семки од сончоглед
  • 60 гр. (1/2 cup) семки од тиква
  • 50 гр. (1/3 cup) ленено семе (јас користев златно ама може и кафено)
  • 2 лажици мелено ленено семе (може да го измелете сами во блендер)
  • 4 лажици сусам
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мелени билки во зачин (јас користев микс од оригано, копар и магдонос)
  • 250 мл. (1 cup) вода

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 175º и се поставува хартија на голема тепсија за печење. Многу е важно да биде голема за смесата да се распореди еднакво и тенко, за крекерите да се испечат убаво. Доколку немате голема тепсија користете две мали и распоредете ја смесата на два пати.
  2. Во голем длабок сад се додаваат сите семки и зачини и се промешува. Се додава и водата и повторно убаво се промешува. Знаат да останат семки на дното од садот затоа убаво промешајте ја смесата неколку пати. 
  3. Смесата се остава да стои 10тина минути за меленото ленено семе и чиа семето да набабрат и целата смеса да се згусне и да се направи како “гел”.
  4. Смесата од садот се префрла на подготвената тепсија за печење и се распоредува и израмнува низ целата површина. Моја препорака е да користите гумена шпатула зошто полесно се изедначува и рамни смесата. Смесата од крекерите идеално би било да биде околу 5-6 мм. 
  5. Се печат 25 минути. Се вадат од рерна и се сечат на мали коцки (големината е по желба) Зa сечење може да користите тркалце за сечење пица или остар нож. 
  6. Се превртуваат од другата страна за еднакво да се испечат и се враќаат во рерна на допечување уште 15-20 минути односно додека не се потполно испечени и не добијат златеникаста боја. Времето на печење ќе варира од рерна до рерна затоа внимавајте постојано на нив и проверувајте ги, за да не изгорат.
  7. Се оставаат комплетно да се оладат пред да се складираат во сад или да се конзумираат.
  8. Може да се чуваат во ладилник, во затворен сад и до 2 недели. 
(Visited 11.333 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *