Баш е интересна приказната за како настана овој рецепт па на кратко да ја раскажам. Пред три години бев на одмор во Марбела-Шпанија и нормално ги посетив сите места за здрава исхрана во тој регион. Во едно од тие места за доручек меѓудругото нарачав и порција што се викаше cashew breakfast bowl (слика подолу) и да кажам дека се заљубив на прво залче е мал збор. Кремаста текстура, не премногу благо и буквално се топи во уста. Никогаш претходно немав пробано нешто слично и нормално ги запишав сите состојки кои беа наведени во менито за да пробам да го рекреирам. После точно 6 обиди КОНЕЧНО дојдов до оваа финална верзија што верувам дека нема некој што не би му се допаднала. Неколку причини зошто често сакам да го правам ова и како може да се користи

→ Со овошје и гранола за идеален и лесен доручек

→ Како десерт

→ Како фил или крем за торти и колачи

КРЕМ од индиски ореви

Состојки

  • 150 гр. индиски ореви (покиснати во вода една вечер претходно)*
  • 120 мл. млеко од индиски ореви **
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка изрендана кора од лимон
  • 2-3 лажици јаворов сируп 
  • 1 лажичка ванила
  • Се додваат индиските ореви во длабок сад, се поливаат со ладна вода и се покриваат и се оставаат да отстојат и да покиснат од вечерта претходно (10-12 часа)  Наредниот ден ќе бидат два пати поголеми во големина и помеки на текстура. Втор начин да се направи ова е да се додадат индиските ореви во сад и да се полиат со врела превриена вода и да се остават да стојат најмалку 1 час. Ефектот е приближно ист
  • Може да се користи било какво млеко меѓутоа вкусот ќе биде малку поразличен

Начин на подготовка

  1. Покиснатите индиски ореви се цедат од водата и се премиваат со чиста ладна вода. Се цедат и се додаваат во блендер или мултипрактик заедно со сите останати состојки
  2. Се блендира се додека не се добие кремаста соединета смеса
  3. По потреба се додава млеко или вода за да се помогне во процесот на блендирање и на добивање потребна текстура

ЗАБЕЛЕШКИ и СОВЕТИ

→ Кремот може да се чува во стаклен затворен сад во фрижидер до 5-6 дена

→ Со стоење во фрижидер ќе зцврсти и ќе згусне. Доколку е потребно може да се разреди со додавање на млеко или вода

→ Јаворовиот сируп може да се замени со било каков течен засладувач (мед,агаве сируп,сируп од урми и слично…)

→ Доколку се користи како фил или прелив за торти идеално е да се остави да отстои во фрижидер и да згусне пред да се користи

(Visited 3.630 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *