Состојки:

  • 250 гр. макарони од хељда или било какви макарони
  • 1 цела брокула, измиена и расецкана на мали цветчиња
  • 5-6 брикети замрзнат спанаќ
  • 1 лажичка сол
  • малку бибер
  • 1 лажичка медитерански зачин (оригано, нане и слично..)
  • 150 гр. Грчки јогурт
  • 2 лажици веге пармезан или обичен

****** НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ЈА ЗАЧУВАТЕ ВОДИЧКАТА ОД ТЕСТЕНИНИТЕ

Начин на подготовка:

  1. Се варат тестенините според инструкциите на пакетчето. Зачувајте малку од водата во која што се варат тестенините па процедете. Оставете ги на страна.
  2. Во големо, плитко тенџерче додадете малку маслиново масло. Кога ќе се загрее додадете го спанаќот и брокулата. Додадете 1-2 лажици од водичката од тестенините и поклопете со капак за да се зготват и омекнат. Додадете ги и зачините.
  3. Во меѓувреме направете го и сосот. Во мало тањирче се додава грчкиот јогурт и веге пармезанот. Се додаваат и 1-2 лажици од водата во која што се вареа тестенините, доволно за да се истенчи сосот. 
  4. Во тавата со зеленчук се додават тестенините, се промешува убаво за да се соедини со зеленчукот па потоа се додава и сосот. Убаво се промешува и се остава 3-4 минути на тивко да попримат вкусовите едно од друго.
  5. Превкусно е топло, ама супер е и како ладен оброк директно од ладилник. Така што, ова е идеален оброк за meal prep 🙂
(Visited 1.636 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *