

Состојки:
- 2 шољи варен кус кус*
- 1 шоља варен грашок (или грашок од конзерва)
- 1 краставица, исецкана на мали коцки
- пола шоља фета (јас користев веганска ама користете каква сакате )
- пола шоља ситно исецкан магдонос
- 1/4 шоља ситно исецкано нане
- 1 шоља песто
* јас користев gluten free кус кус од леќа и наут (го купив од ДМ) ама слободно може да користите каков имате или пак да замените со киноа/хељда или некоја дртуга житарка. Варете според инструкциите на пакувањето.
Начин на подготовка:
- Додадете ги сите состојки во голем длабок сад и убаво промешајте се додека сите состојки не се изедначат.
- Пробајте и тестирајте па ако има потреба дополнително додадете сол, бибер и слични зачини. Јас искрено немав потреба, сосема ми беше зачинето од пестото.
- Зошто нема листести зеленчуци оваа салата може да стои во фрижидер и до 3-4 дена што ја прави совршена за meal prep. Може да ја користите како прилог на некое парче месо или риба или како целосен оброк.
(Visited 858 times, 1 visits today)