Знам дека за сите рецепти викам е ова е еден од поомилените ама овој рецепт за леб од кокос и бадем е највистински еден од моите омилени 😊. А за да ве уверам зошто е тоа така еве неколку причини

→ Идеален за претходна подготовка на храна. Тоа значи го спремате еден ден во неделата и имате спремен доручек останатите денови

→ Содржи мало количество на шеќер па е идеален за лесен и брз доручек

→ Може да се направат мал милион варијации. Додадете шумско овошје или парчиња чоколадо или исецкани јатки или други слични топинзи по желба за поспецифичен вкус 

→ Има толку богат вкус што и без никакви додатоци пак е подеднакво вкусен

Леб од кокос и бадеми

Состојки

  • 75 гр. мелени бадеми *
  • 50 гр. сув кокос
  • 2 лажици кокосово брашно **
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 125 мл. млеко од бадем (или било какво млеко)
  • 1 лажица стопено кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица сок од лимон
  • 2 јајца
  • Јас користам блендер за мелење на бадемите. Може да се користи и сецко или мулти практик. Се додаваат бадемите и се користат кратки пулсирања додека не се сомелат комплетно и не се добие текстура на брашно. Може да се користи и брашно од други јаткасти плодови како индиски ореви,ореви или лешници со тоа што вкусот би се сменил

** Кокосовото брашно може да се замени со 4-5 лажици овесно брашно

Начин на подготовка

  1. Се загрева рерната на 180º и се поставува хартија за печење на тава за печење леб
  2. Во длабок сад се додаваат сите течни состојки (млеко,кокосово масло,мед,сок од лимон и јајца) и убаво се промешува додека не се соедини смесата
  3. На оваа смеса се додаваат сите останати состојки и повторно се промешува
  4. Смесата треба да биде густа, доколку не е тогаш може да се додаде уште малку кокосво брашно или мелени бадеми
  5. Смесата се додава во претходно подготвената тава и се израмнува за на сите страни да биде подеднакво распоредена 
  6. Доколку се користат некои топинзи сега е моментот да се додадат
  7. Се пече 35-40 минути односно додека не добие златеникаста коричка
(Visited 3.374 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *