Состојки:

  • 1+1/4 cup (170 гр.) лешници
  • 1/3 cup (40 гр.) какао во прав
  • малку сол
  • 1/3 cup (100 гр.) јаворов сируп
  • малку ванила, по желба
  • 9-10 лешници

За топинг:

  • 1/2 cup чоколит чип (85 гр.) или 1 цело црно чоколадо исецкано на ситно
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 1/2 cup (70гр.) лешници, ситно изблендирани

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 160º и на хартија за печење се додават лешниците. Се потпекуваат 10тина минути ама внимателно проверувајте ги зошто брзо горат. 
  2. Се додаваат во блендер и се сомелуваат на ситно. 
  3. Се додаваат мелените лешници во сад заедно со какаото и малку сол. Се промешува.
  4. На оваа смеса се додава јаворовиот сируп и ванилата ако ја користите и убаво се промешува додека смесата не се соедини. Смесата треба да биде лесно оформлива и растеглива. 
  5. Се формираат 9-10 топчиња од смесата и во секое топче се додава во едно цело лешниче. Се оставаат бомбиците во фрижидер додека го подготвуваме топингот. 
  6. Во мало тенџерче на многу ниска температура се додаваат чоколадото и кокосовото масло. Се остава да се растопи со повремено мешање. 
  7. Сите бомбици се топат во чоколадото, па потоа во мелените лешници. Се оставаат во фрижидер (или замрзнивач) да се зацврстат (околу 30тина минути). 
  8. Може да се конзумираат веднаш или пак чувајте во затворен, стаклен сад во фрижидер до 10 дена или во замрзнивач до 2 месеци (ако издржат до тогаш хехе)
(Visited 1.151 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *