Состојки :
За хељда:
- 170 гр. (1 cup) хељда во зрно
- 375 мл. (1+1/2 cup) вода
- 1 лажица маслиново масло
За свежа салата:
- свежа бејби рукола
- 1 краставица
- 3-4 црвени пиперки
- многу свеж магдонос
За семки и бадеми:
- една шака семки од тиква
- една шака семки од сончоглед
- една шака бадеми (сирови)
За дресинг:
- сок од 1 лимон
- 1 лажица таан
- 2-3 лажици маслиново масло, по потреба и повеќе
- сол, по желба
Начин на подготовка:
- Прво да почнеме со варење на хељдата. Во цедалка се премива хељдата со ладна, чиста вода. Во меѓувреме се додава водата во тенџерче со капак на висока температура за да зоврие водата.
- Ова е опционално и може слободно да се скокне ама измиената хељда може да се потпржи на суво тавче 2-3 минути само лесно да се истостира.
- Се додава хељдата во зовриената вода и инстатно се намалува температурата на ниско. 1-2 минути нека се смири вриењето на водата и се додава и маслиновото масло. Се промешува, се затвара со капак тенџерето и се остава да се вари 12 минути. Кај мене беше точно 12 минути, ама зависно од ринглата и тенџерето може ќе треба повеќе или помалку. Водата треба да биде комплетно упиена и хељдата треба да биде сварена ама сеуште во цело зрно (не раскашавена). Се трга од оган, се остава да се олади 10тина минути и потоа со вилушка нежно се промешува за да се одвојат зрната едно од друго.
- За семките. Се загрева рерната на 170º и на тава сза печење се додаваат бадемите. Се оставаат да се потпечат 10 минути, се додаваат и семките од тиква и сончпглед па се враќа на печење уште дополнителни 8-10 минути или се додека не се комплетно потпечени и тостирани.
- Краставицата и пиперките се сецкаат на ситни коцки, руколата се премива и грубо се сецка (за полесни залаци хаха) и магдоносот се сецка на ситно.
- За дресингот – сите состојки се додаваат во мало тањирче, се промешува со маталка или вилушка за убаво да се соединат и се остава на страна.
- Е сега. Може сите состојки да си ги чувате одделно и пред конзумирање само да си ги склопите или па ако ви е за веднаш направете го следново.
- Се додава руколата, сецканите краставици, пиперките, магодоносот и се додава малку од дресингот. Се промешува убаво за да опфати секаде. Се додава хељдата, магдоносот и на крај тостираните бадеми и семки. И тоа е тоа. Enjoyyyyy.
(Visited 4.263 times, 1 visits today)