

Состојки:
→ За пилешко:
- 500 гр. пилешки гради, исецкани на помали парчиња
- сок од 1 лимон
- маслиново масло
- многу магдонос, ситно исецкан
- 1-2 чешниња лук, ситно исецкан или гмечен
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка бибер
- 1 лажичка црвен пипер
→ За авокадо/домат салса:
- 1 авокадо
- 1 домат
- пола главица кромид
- сок од 1 лимон
- сол и бибер по желба
- малку маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во мало тањирче се додаваат сите состојки освен пилешкото. Се промешуваат убаво па се додаваат врз парчињата пилешко и убаво се размешува за секое парче да биде опфатено со маринарата. Доколку имате можност оставете од вечерта претходно да се маринара, а ако не – барем неколку минутки додека се загрева грил тавата.
- Се додава масло на грил тавата и се остава да се загрее убаво пред да се додаде пилешкото. Се пржат по 4-5 минути од страна на средно-висока температура. Се тргаат од оган и се подготвува салсата.
- Се сецкаат авокадото, кромидот, и доматот на коцки. Се додаваат во голем длабок тањир.
- Се додава маслиновото масло, зачините и лимонот и се промешува за состојките да се соединат.
- Се сервира пилешкото со салсата и дополнително ориз ако сакате 🙂
- Enjoy..
СОВЕТ:
→ одлично за meal prep !!! Може да си подготвите дупла доза од се, да чувате во оделни садови и пред конзумирање, стоплете па склопете во оброк. ПРЕ ВКУ СНО! А и идеално за летниве горештини зошто е доста лесно, а сепак заситува и е нутритивно богат оброк.
(Visited 3.422 times, 1 visits today)