Состојки:

За салата:

  • кељ (или било каква зелена салата: марула, ајсберг, рукола и слично)
  • 1 краставица
  • 1 парче лосос
  • наут, од конзерва или варен
  • сок од пола лимон
  • сол, бибер и масло за готвење

За топинг:

  • една шака семки од сончоглед
  • Една шака семки од тиква

За дресинг:

  • 1 лажица таан
  • 5 лажици маслиново масло
  • сок од пола лимон
  • сол, бибер, кимион (или зачини по желба)

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 200º.
  2. Се подготвува лососот така што се мие со ладна вода и потоа се тапка со крпа за да упие водата и да се исуши колку што е можно повеќе. Се поставува на тава за печење со кожата од рибата надоле. Се додава малку масло за готвење и на тавата и на лососот. Се полева лососот и со сокот од пола лимон. Се додаваат и зачини по желба (сол и бибер беа мојот избор)
  3. Се пече во загреаната рерна 25-30 минути за крцкава кора. Проверувајте повремено. 
  4. Во меѓувреме подгответе го зеленчукот. Исецкајте го на тенки ленти и додадете во длабок сад. Се додава и околу една шака од наутот (ако користите од конзерва, обавезно измијте и исцедете со ладна вода) и краставицата (исецкана на месечинки)
  5. Во мало садче се додаваат сите состојки за дресингот и убаво се промешува се додека не се соедини и изедначи. Доколку е премногу густо, додадете повеќе масло или лимон. Може да си го направите и адаптирате според сопствен вкус. Погусто/потечно/посолено и слично..
  6. Се додава дресингот на салатата и убаво се промешува за да ги опфати сите состојки. 
  7. За топингот… се додаваат семките во мало, нелепливо тавче. Нема потреба од додавање масло. Се остават да се потпржат на ниска температура или пак за побрзо на повисока температура ама поклопете со тањир или сад зошто кога семките ќе се стоплат почнуваат да пукаат и да се разлетуваат. Кога ќе почнат да замирисуваат и да добијат убава златеникаста боичка – тогаш се готови. 
  8. Се додава и лососот на салатата, потоа и неколку лажици од тостираните семки и салатата е спремна 🙂 
(Visited 1.483 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *