Бадем мафини
Состојки:
- 240 гр. (2 cups) мелени бадеми
- 25 гр. (1/4 cup) какао (види забелешки за опција без какао)
- 2 лажици мелено ленено семе
- 1+1/2 лажичка прашок за пециво
- малку сол
- 2 јајца
- 110 гр. (1/3 cup) мед
- 33 гр. (1/4 cup) маслиново масло
- 1 лажичка ванила
За фростингот:
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 180º и се поставува хартија за печење или каписли во тава за мафини.
- Во голем длабок сад се додаваат мелените бадеми, какаото, прашок за пециво и малку сол. Се промешува.
- Во истиот сад се додаваат и сите останати состојки и повторно се промешува се додека смесата не е изедначена и соединета. Смесата треба да биде густа и леплива. Може да користите миксер за поубаво соединување или пак рачно да мешате.
- Смесата се распоредува во 6 мафини за full size мафини или пак во 10 за помали мафини.
- Се печат 10-15 минути. Мафините се готови кога со чачкалица или нож ќе боцнете во нив и чачкалица ќе искочи чиста без останата смеса.
- Се оставаат да се оладат пред да се извадат од тавата за мафини.
- Доколку користите фростинг – оставете комплетно да се оладат пред да се филуваат. Доколку не се конзумираат веднаш, не ги мачкајте со фростинг. Чувајте во одделен сад и додадете го пред конзумирање.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Бадемите мерете ги одкако ќе ги изблендирате.
→ За мелење на бадемите и лененото семе (доколку немате веќе готови) користете блендер. Блендирајте се додека не се добие брашнеста тесктура.
→ Медот може да се замени со било каков течен засладувач.
→ Маслиновото масло може да се замени со било какво масло. Сончогледово, кокосово, масло од грозје…. Кога ќе се искомбинира со останатите состојки – нема никаков вкус така да не се грижете за тоа.
→ Слободно може да додадете некои fun топинзи во смесата пред печење. Малини, чоколадни парчиња, јаболи, оревчиња и слично.
→ За опција без какао – следете го потполно истиот рецепт, исфрлете го какао-то и додадете 1/4 cup (неколку лажици) повеќе мелени бадеми. Додавајте постепено се додека смесата не стане густа и леплива.