Сигурно до сега сте слушнале за мака во прав, но дали знаете што всушност е мака, како се користи за максимален ефект и од каде потекнува ? Во овој пост ви ги откривам сите детали па доколку сакате да ја примените во исхраната ова е целото инфо што ви е потребно.

Често користам мака и е еден од моите омилени суплементи и додатоци во исхраната.Иако мојата исхрана се базира првично на целосна свежа храна сепак сакам да допринесувам со вакви суплементи секогаш кога можам. Не е есенцијална за здрава исхрана како и сите други суплементи меѓутоа е одличен допринес.

Маката особено стана популарна во велнес заедницата последниве неколку години и многу често може да ја најдете во супермаркетите во делот за здрава храна. Како и за сите работи така и за ова колку и да е природно и неризично сметам дека детално истражување е неопходно за да бидеме свесни што внесуваме во организмот и дали тоа е потребно.

ШТО Е МАКА ?

Маката е всушност зеленчук кој оргинално потекнува и се одгледува во Перу и е “сродно” со брокула, карфиол и кељ. Маката расте под земја и плодот којшто е за јадење всушност е коренот на маката и може да се најде во неколку бои од црна до бела.

Коренот од мака најчесто се суши и преработува за да се доведе до прашкаста текстура и така најчесто се користи и може да се најде во супермаркети и продавници за здрава исхрана. Освен во прав маката може да се конзумира и како плод (што многу ретко се случува и кај нас не е достапна), во форма на капсули или во течна форма. 

Вкусот на мака во прав е многу специфичен и јак и постојат многу луѓе што едноставно неможе да го поднесат токму поради тоа.

Најчест начин на користење на мака во прав е со додавање во смути,овесна каша,пецива,торти,сирови десерти и слично. Количината треба да биде многу мала со оглед на тоа што може да го засени вкусот на останатите состојки. 

Со правилна количина и правилна употреба маката всушност може да создаде многу убав и специфичен вкус. Мојот омилен начин да го користам е заедно со урми или мед и на тој начин дава карамеласт вкус на десртите. 

НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ПРОФИЛ НА МАКА

Маката често се класифицира како SUPERFOOD или суперхрана токму поради нејзиниот нутриционистички профил и здравствените придовки кои ги нуди.

Содржи количество на калиум и калциум како и витамин Б. 

Многу често може да се забележи како дел од веганска исхрана поради количеството на железо која го содржи во себе.

Коренот на мака е одличен извор на јаглехидрати и има многу мало количество на масти, а во исто време изобилува со здрави влакна. Исто така е богата и со одредени основни видови на минерали.

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА МАКА

→ Го зголемува либидото кај мажите и жените

Природен начин за зголемување на либидо и желбата за секс е токму маката и е еден од најпопуларните природни начини кои луѓето во светот го користат.

→ Ја зголемува плодноста кај мажите и квалитетноста на спермата

→ Ги олеснува симптомите на менопауза

Во процесот на менопауза жените многу често се соочуваат со драматична промена на нивото на естроген што предизвукува непријатно чувство. Многу луѓе сметаат дека со конзумирање на мака како додаток во исхраната може да помогне во регулирање и подобрување на тие симптоми. Според неколку направени истражувања се верува дека со конзумирање на неколку таблети мака или пак во форма на прав се регулираат и намалуваат симптомите на ненадејно и периодично потење.

→ Го подобрува расположението

Според неколку направени истражувања се смета дека маката може да помогне за подобро ментално здравје, расположение, да ги редуцира чувствата на депресија и анкциозност

→ Ја подобрува енергијата и перформаност во физички активности

Маката многу често е дел од секојдневната исхрана кај бодибилдери,спортисти и атлетичари токму поради тоа што се смета дека го подобрува перформансот, енергијата и физичката спремност

→ Ја подобрува функцијата на мозокот

Како што кажавме маката потекнува од Перу па традиционално маката во тие реони се користи како додаток во исхраната особено на децата за да ја подобри нивната фукнција и спремност во училиште

КАКО СЕ КОРИСТИ МАКА ?

Како што напоменав и на почетокот маката може да се користи на било каков начин на кој што сметате дека е доследен но најчест начин на користење е со додавање во смути,овесна каша,енергетски барови и десерти и слично.

Нема определена количина на внес во текот на денот меѓутоа ако ја пробата ќе видите дека нема ни опција за претерување со оглед на тоа колку јак вкус има и не е потребно големо количество. Би рекла 1/2 до 1 мала лажичка е доволно и идеално.

Достапна е во сите наши поголеми маркети и продавници за здрава исхрана во форма на прав и најчесто се наоѓа во бела боја. 

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

Маката е генерално безбедна и нема непосакувани ефекти за лица кои немаат здравствени проблеми. Единствено не се препорачува за лица кои патат од проблеми со тироидна жлезда.

Бремени жени и доилки секако треба да се консултираат со својот доктор пред користење.

(Visited 5.975 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *