Оваа вкусна, зачинета манџичка може да стане една од вашите омилени брзи рецепти. Посна е и веганска, но тоа не значи дека е помалку вкусна. 

Навистина обожавам да готвам веганска храна иако не сум веган и ве предизвикувам и вас од време на време да си подготвувате вакви оброци каде што главниот фокус не е на производи од месо. Би се изненадиле колку се богати со вкус и колку заситуваат.

За оваа манџичка не ви треба посебен рецепт. Може слободно да ја адаптирате според сопствен вкус, а овој рецепт нека ви служи само како водич. Само една работа не би сменила, а тоа е ЗАЧИНИТЕ. Доколку не ви се достапни сите наведени зачини – експериментирајте со оние што ги имате веќе дома и не се плашете да измешате повеќе зачини. Модриот домат навистина бара многу зачинетост за да го извлечете максимумот од вкусот. 

Манџичка со наут и модар домат

Состојки: 

  • 1 конзерва наут
  • 1 модар домат, голем
  • 1/2 кромид
  • 5 лажици доматен сос
  • Сок од пола лимон
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка црн бибер
  • 2 лажички кимион
  • 1/2 лажичка куркума
  • неколку гранчиња магдонос, исецкан
  • масло за готвење

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 220º и се подготвува тава за печење со малку масло
  2. Убаво се премива и брише модриот домат и се сецка на еднакви коцки. Се прелива со малку масло и се додава на тавата за печење
  3. Се пече околу 40тина минути односно додека не е мек кога ќе се боцне со вилушка. Повремено се промешува за еднакво да се испече
  4. Во меѓувреме се загрева малку масло на големо тавче за пржење на средна температура
  5. Се сецка кромидот на ситни коцки и се додава во загреаното масло. Се остава да се пропржи неколку минути односно додека не омекне 
  6. Се цеди наутот од водата во конзерва, се промива со чиста ладна вода и се додава на тавчето со кромидот
  7. Се остава да се пропржи околу 5-6 минути за наутот да добие крцкава коричка и златеникаста боја
  8. Се додава и испечениот модар домат и повторно се промешува за се да се соедини
  9. Додека тавата е сеуште на оган се додаваат и лимоновиот сок и доматниот сос. Доколку има потреба се додава повеќе доматен сос
  10. Се промешува се заедно и се остава да поврие околу 10тина минути за сите вкусови да се соединат
  11. Доколку има потреба се додава малку вода за да се спречи лепење на состојките или се намалува температурата на ринглата
  12. Се трга тавата од оган и се додава исецканиот магдонос
  13. Манџичката може да се сервира топла или пак да се чува во фрижидер до 4-5 дена. Доколку не се конзумира веднаш тогаш почекајте да се излади комплетно, а потоа складирајте ја во стаклен затворен сад.

(Visited 2.960 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *