Состојки:
- 1 црвена бабура
- ½ од црвен кромид (или 1 мала главица)
- 1 манго
- 10-15 гранчиња магдонос (измиен)
- Сок од 1 зелен лимон
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Кромидот, бабурата и мангото се сецкаат на ситни коцки и се додаваат во мал длабок сад. Магдоносот исто така се сецка на ситно со нож или пак во блендер и се додава во садот.
- Се додава сол и сокот од лимонот.
- Се промешува се заедно и тоа е тоа, имате спремен прилог кон главно јадење за неколку минутки.
- Може да се чува во затворен стаклен сад во ладилник до 3-4 дена.
ЗАБЕЛЕШКИ и СОВЕТИ:
→ Доколку имате потешкотии во наоѓање манго, може да се замени со ананас или сочни праски.
→ Доколку подготвувате како дел од meal prep, чувајте ја салсата во оделен сад од главниот прилог.
(Visited 982 times, 1 visits today)