Состојки:

  • 2+1/2 cup (250 гр.) овесно брашно
  • 1/3 cup (40 гр.) какао
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 3 лажици кокосово масло
  • 1+1/4 cup (300 мл.) кисела вода
  • 4 лажици џем од кајсии
  • 2-3 лажици кокосов шеќер ***

Топинг:

  • 1 црно чоколадо (80%)
  • 2 лажички кокосово масло
  • 3 лажици џем од кајсии

*** јас не користев кокосов шеќер како дополнителен засладувач зошто џемот од кајсии и чоколадото ми беше доволно благо. Ама ако сакате да бидат поблагички, слободно додадете во смесата 2-3 лажици кокосов шеќер или било каков засладувач по желба.

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180º и се поставува хартија за печење на тава за печење. Јас користев коцкаста тава 20 см. 
  2. Во голем длабок сад се додаваат сите состојки и се промешува се додека не се соединат и не се добие густа смеса. Ако смесата е прегуста и тешка за работа, додадете уште малку масло или кисела вода. 
  3. Се додава смесата во тавата за печење и се пече 12-15 минути. 
  4. Додека колачот се пече, во мало тенџерче се додаваат чоколадото и кокосовото масло. На многу ниска температура оставете да се стопи чоколадото. 
  5. Прелијте го топлиот колач со 3те лажици џем и стопеното чоколадо. 
  6. Оставете малку да се олади и стврдне пред да го исечете. 
  7. Чувајте на собна температура 2 дена или во затворен стаклен сад до 5 дена. 
(Visited 619 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *