Состојки:

  • 1 голема краставица, исечена на ситни коцки
  • 5-6 шери доматчиња, исечени на 4 половинки
  • пола главица кромид, исечена на тенки кругчиња
  • 3 ротквици, исечени на тенки кругчиња
  • една китка магдонос, исецкан на ситно
  • една шака свежо нане, исецкано на ситно
  • 1 конзерва наут

За дресинг:

  • сок од пола лимон
  • 6 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • малку бибер
  • 1 лажичка кимион (не КИМ)
  • 1 лажичка оригано

* или микс зачини по избор, ама не ги штедете зачините, оваа салатка си бара зачинетост.

Начин на подготовка:

  1. Од како ќе се исецка зеленчукот се додава во голем овал. 
  2. Наутот од конзерва се премива со ладна, чиста вода, се процедува и тој се додава со другите зеленчуци. 
  3. Состојките за дресингот се мешаат во мало тањирче и се додаваат врз салатата. Се тоа убаво се промешува за да се соедини. 
  4. Може да се конзумира веднаш ама најубаво да се остави неколку часа за вкусовите убаво да се соединат. Ова е една од ретките салати каде што можам топло да ви препорачам да ја оставите да “одлежи” малку зошто навистина станува се повкусна. 
  5. Може да стои во фрижидер до 2 дена, а и повеќе што ја прави идеална за meal prep. 

(Visited 1.658 times, 2 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *