Состојки:

За база:

  • 2-3 моркови, рендани или блендирани на крупно (изрендани околу 1 cup)
  • 150 гр. (1+1/2 cup) ореви
  • 140 гр. (1 cup) бадеми
  • 220 гр. (1 cup) урми
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка ѓумбир во прав
  • 1/4 лажичка морско оревче
  • малку ванила (по желба)

За филинг:

  • 210 гр. (1+1/2 cup) индиски ореви, киснети во вода*
  • сок од еден портокал
  • 70 гр. (1/3 cup) кокосово масло, стопено
  • 160 гр. (2/3 cup) кокосово млеко, од конзерва
  • 3 лажици јаворов сируп 

За декорација:

  • грубо исецкани оревчиња
  • кора од портокал, изрендана

** Индиските ореви се мерат и се додаваат во сад, се додава вода, доволно да ги прекрие сите. Се оставаат да отстојат преку ноќ или најмалку 4 часа. За побрза постапка може да им додадете врела (превриена) вода и да ги потопите 30 минути до 1 час.

Начин на подготовка:

  1. Најпрво се подготвува тава што ќе ни служи како калап. Со оглед на тоа што не се пече, може да си користите било каков сад. Јас користев керамички сад со димензии 20х20. Може да користите калап за торта, за мафини, за леб и слично… Се додава хартија за печење и се трга на страна.
  2. Во блендер се додаваат оревите, бадемите и сите зачини. Се блендира се додека не се раскршат јатките. Нека бидат убаво сомелени ама не премногу, нека остане малку текстура. 
  3. Се додаваат и урмите и повторно се блендира се додека смесата не се соедини. На крај се додаваат и ренданите моркови и се пулсира неколку пати во блендерот. Не премногу.. само колку да се измешаат во смесата.
  4. Доколку имате мал блендер, можеби ќе треба да блендирате се одвоено па потоа на рака да ги соедините и измешате. 
  5. Смесата ќе биде малку “мокра” ама не премногу. Треба да биде доволно леплива за да може да држи и да се соедини. Ако е премногу сува, додадете малку повеќе урми, доколку е многу течна и не се лепи додадете повеќе јаткасти плодови, може и малку кокос или овес доколку имате при рака. 
  6. Се додава смесата во подготвената тава и се притиснува на дното. Со шпатула или со рака се тапка и се рамни убаво. Се остава на страна додека го подготвуваме филот. 
  7. Се премиваат индиските ореви од водата во која што се киснети. Се цедат убаво и се додаваат во блендер заедно со сите останати состојки. 
  8. Се блендира убаво се додека не се добие кремаста смеса. 
  9. Се додава на базата, се рамни убаво и одозгора се додаваат оревчињата и ренданиот портокал за декорација.
  10. Се остава во замрзнивач да се стврдне неколку часа пред да се исече. 
  11. Барчињата може да ги чувате во замрзнивач и до 2 месеци без проблем. Пред конзумирање се оставаат 5-10 минути да пуштат и се спремни за јадење :). 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Оревите и бадемите за базата може да ги замените со било кои други јаткасти плодови. Вкусот може да се промени, но верувам дека ќе бидат подеднакво вкусни.

→ Урмите може да ги замените со суви сливи (мислам..) не сум пробала, меѓутоа би требало да биде успешно и на тој начин.

→ Јаворовиот сируп може да се замени со било кој друг течен засладувач; мед, агаве, сируп од урми, меласа и слично….

(Visited 3.485 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *