Одкако првпат го постирав рецептот на Инстаграм уште веднаш добив слики и пораки дека сте го пробале и многу ви се допаднал. Ах многу ме прави среќна тоа особено што им давате шанса на моите рецепти и што уживате во нив особено затоа што се вкусни а воедно направени од здрави и нутритивни намирници. Ова е еден од тие рецепти што дури и оние што не се хранат здраво ќе уживаат, а големи се шансите и да не приметат дека се “здрави”.
Нутела колачиња
Состојки
- 250 гр. путер од лешник
- 7 лажици кокосов шеќер + 2 лажици мед (или 10 лажици само кокосов шеќер, јас додадов малку мед затоа што ми се свиѓа каков вкус дава)
- 1 цело јајце + 1 жолчка
- 1 лажичка ванила
- 50 гр. какао во прав
- малку сол
- 90 гр. исецкани лешници за декорација
Начин на подготовка
- Се загрева рерната на 175º и се поставува хартија за печење на тава за печење
- Во мултипрактик или сецко се додаваат путерот од кикирики,малку сол,кокосов шеќер и мед и се блендира додека не се соедини и не се добие кремаста соединета смеса. Може да се користи и миксер или да се измеша со лажица
- Доколку се користи мултипрактик се додаваат и останатите состојки (освен исецканите лешници за декорација) и повторно се блендира. Доколку се користи рачно мешање или миксер се додаваат сите состојки на смесата и повторно се промешува
- Кога смесата е соединета се додаваат пола од исецканите лешници во смесата и лесно се промешува за да се распоредат низ целата смеса, останатиот дел се остава за на крај како топинг на колачињата. Добиената смеса ќе биде доста густа и леплива
- Од добиената смеса се формираат топчиња во големина на една преполна голема лажица и се поставуваат на тавата за печење. Се израмнува површината за да добиеме форма на колаче и се распоредуваат така да има простор меѓу секое од нив
- Се проросуваат со остатокот од исецкани лешници и лесно се притиснуваат за да се прилепат за смесата
- Се печат 10 минути и се оставаат 15тина минути пред да се тргнат од тавата. Ќе бидат меки од топлината така да битно е да не се прерипува овој чекор
ЗАБЕЛЕШКИ и СОВЕТИ
→Колачињата може да се чуваат на собна температура, затворени во сад и до 5-6 дена. Уште повкусни се после неколку дена така да без грижи за тоа ☺️
→ Може да се додаде исецкано црно чоколадо за уште поинтензивен и налик Нутела вкус
→ Путерот од лешник може да се замени со друг путер со тоа што драстично ќе се смени вкусот меѓутоа верувам дека подеднакво вкусен