1. СПФ крема со заштитен фактор – Pyunkang Yul ATO Mild Sun Cream

Веќе сите знаеме колку е важно да се користи заштитен фактор, без разлика дали е лето или зима, дали надвор има сонце или е облачно. Ова е еден продукт што СЕКОЈ ама СЕКОЈ (без разлика на години) мора да го користи. Прво мора максимално да ја заштитиме кожата од УВ зраци и надворешни штетни влијаниа, а потоа да ја третираме. Освен тоа – сонцето е најголем “штетник” кога станува збор за знаци на стареење, па со тоа користење на заштитен фактор дефинитивно сме еден чекор поблиску до подобра кожа во иднина.

Имам пробано повеќе СПФ креми ама овој моментално ми е омилен. Не остава бели траги по нанесување, доста е хидратантен и не ми ја запушува кожата (што често знае да се случи со СПФ кремите). Го нанесувам секое утро после миење на лицето и после утринскиот серум. Крема не нанесувам зошто немам ни потреба – доволно е хидрирачки и самиот фактор. 

2. Маслен чистач – Heimish All Clean Balm и PURITO From Green Cleansing Oil

Вториот најважен чекор во мојата рутина е двојно чистење на лицето секоја вечер пред спиење. Двојно чистење значи дека 2 пати ја чистам кожата и тоа – еднаш со маслен чистач за отстранување на шминка и спф факторот и втор пат со гел. На овој начин сум сигурна дека кожата е навистина чиста и ја оставам на дише и да си го живее her best life. 

Не можев да се одлучам кој да го вклучам, па ги вклучив и двата маслени чистачи. Едниот е во форма на балм што се растопува кога ќе се нанесе на кожата, а втортиот е баш како уље. 

Јас лично сум поголем фан на балм пред масло меѓутоа и двата одлично вадат шминка и супер ми пријаат на кожата па тука веќе станува збор за преференции и во која форма-текстура сакате да биде продуктот.

Ги користам секоја вечер, пред легнување. На дланките додавам малку од продуктот, го разнесувам низ целото лице во кружни движења се додека не е убаво исчистено и извадена шминката. Потоа нанесувам неколку капки вода, повторно го масирам лицето се додека не се појави мала пеничка и потоа комплетно го одмивам лицето. И знам дека доста се скептици кога станува збор на одмивање на маслен листач – ама верувајте ми се одмива веднаш и не остава никакви масни траги после тоа. 

3. Гел за миење на лице – Cosrx Low pH Good Morning Cleanser

Како надоврзување на претходниот текст – како втор (и ветувам – последен) чистач го користам овој. Спротивно од тоа што го кажува името – јас го користам навечер. 

После измивање на лицето од маслениот чистач, нанесувам малку на дланките од овој продукт, нанесувам малку водичка и го масирам лицето во кружни движења. Измивам пак со вода, го бришам и тоа е тоа. 

Овој продукт е доста популарен како добар gel wash – и тоа е со причина. Навистина е многу лесен и хидратантен, измива се што не треба, ја остава кожата убава после тоа и топло го препорачувам. 

Инаку чисто информативно – наутро не користам никаков gel wash зошто некако не чувствувам потреба, ама доколку сакате и имате желба – овој исто би бил идеален и за таква намена.

4. Тонери – Pyunkang Yul Mist Toner и Cosrx AHA/BHA Clarifying Treatment Toner

Дефинитивно мојот омилен дел од целата skincare рутина е тонер. Охххх i love toners. Двата горенаведени се комплетно различни ама двата подеднакво добри во тоа што го прават. Зависност од моменталната состојба и потреба, наизменично ги користам. 

Pyunkang Yul тонерот е повеќе хидратантен и регенерирачки – знаете она чувство на ахххх, ептен сум хидрирана 😊. Особено сакам да го користам во зима, кога кожата ми е посува од вообичаено, кога носам подолго време шминка или едноставно си ја осеќам кожата дека плаче за повеќе хидратација. 

Cosrx тонерот е третмански тонер што значи во себе содржи AHA/BHA што инаку помага при лачење на себум или народски кажано замастена кожа. Јас конкретно го користам за црнките околу т-зоната, запушени пори и за нежна ексфоалација на кожата. Топла препорака доколку имате проблем со црнки и масна т-зона. 

5. Есенција – Cosrx Advanced Snail 96 Micin Power Essence

Ова е дефинитивно чекор во рутината што не е неопходен и доколку сакате да скратите во чекори и аплицирање на продукти – слободно skipp-нете го ова. Ама јас лично немам проблем со тоа и + го обожавам чувството на слоевито нанесување на продукти па за мене е еден од поомилените продукти. Реков дека после трошење на првото шишенце, ќе го сменам и ќе пробам некој друг – ама толку ми се допадна што го земав повторно истото.

Есенцијата во skincare светот има улога подобро да ги апсорбира останатите состојки што се нанесуваат на кожата. Конкретно овој продукт содржи и слуз од полжав (инаку популарна состојка во Корејската козметика) што помага при регененирање на кожата, ја осветлува кожата на добар начин и некако ја остава кожата посјајна. Дали сум видела драстични промени од овој продукт ? Промени што ќе ми го сменат животот ?? Па не баш, ама дека си ја врши работата како што треба – тоа ДА со сигурност. 

Јас го користам во ноќна рутина веднаш после дупло чистење на кожата и тонерот. Нанесувам неколку капки на дланките, ги тапкам на лицето и чекам неколку секунди да упие пред да нанесам серум. 

6. Хидратанта крема – Pyunkang Yul Moisture Cream

Искрено јас сум многу повеќе – oil type of girl. Сакам како finish-ing продукт да биде нешто екстра glowy, shiny и да блескам на далечина. Ама…. Амааа ја земав кремичкава по препорака од ИНТЕРНЕТОТ (хаха) и дефинитивно не се лутам и каам. Текстурата е толку лесна што не се осеќа дека ја имаш на кожа. Нема никаков мирис – што е супер зошто не сакаме дополнителни мириси во продуктите за лице. Немам нешто повеќе да кажам освен дека доколку сте во потрага по добра, лесна и хидратантна крема – пробајте ја оваа. Многу малку се нанесува зошто има доста богата текстура па мене ми трае долго, дооолго време.

Инаку јас ја користам како завршен чекор во ноќната рутина, а некогаш ако се осеќам екстра екстра нанесувам и малку масло врз неа. Знааааааам, знам дека е too much ама не можам да си помогнам, i love me my oils. 

7. БОНУС – тонер – Rice Toner

Уште тонери ?? – Во моја одбрана – ви кажав дека многу сакам тонери па….. 😊

Ова е релативно нов продукт за мене – иако слушнав многу добри препораки и рецензии. Го пробав неколку пати и можам да кажам дека навистина уживам во негово користење. Она што го разликува од другите тонери е белата, млечна боја што мислам дека баш е кул. Оризот како состојка викаат дека го користеле гејшите – а не знам дали сте им ги виделе лицата – ама ако постои шанса кожата да ми биде таква за неколку години – може да се кладиш дека ќе го користам хаха. Се шалам, ама стварно – викаат дека оризот има смирувачки ефект, а освен тоа овој тонер содржи и Ниацинамид што е моќен антиоксиданс и една од моите поомилени состојки во продукти за лице паааа….. не се сомневам дека ќе ги исполни сите очекувања.

*Skinaholics е овластен дистрибутер за продажба на овие и сите брендови на нивната web страна. Испораката им е брза, навремена и имаат одличен customer service. Моја топла препорака за shopping-ување на skincare продукти. 

**овој пост е спонзориран од Skinaholics ама како и секогаш – сите мислења, изборот на производи и рецензија се лични мои.

(Visited 3.620 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *