Овесни чашки со фил од јаболки и солен карамел

Состојки:

За чашки:

  • 135 гр. (1+1/2 cup) овесно брашно
  • 50 гр. (1/3 cup) мелено ленено семе
  • 70 гр. (1/3 cup) кокосово масло, стопено
  • 110 гр. (1/3 cup) јаворов сируп
  • 1+1/2 лажичка Божиќен зачин или 1 лажичка цимет + ½ лажичка ѓумбир

За солен карамел сос:

За јаболки:

  • 2 големи, црвени јаболки
  • 1+ ½ цимет
  • 1 лажичка кокосово масло

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180°.
  2. На тава за мафини се поставуваат каписли (за да не лепи) или се сечат две ленти од хартија за печење и се поставуваат во Х. За полесно, претходно се нанесува малку кокосово масло, за хартијата за печење убаво да “легне” во калапите.
  3. Во голем длавок сад се додаваат сите суви состојки за чашките и се промешува.
  4. Се додаваат сите останати состојки за чашките и повторно се промешува. Смесата треба да биде густа и малку леплива. Треба лесно да се формира. Доколку е многу течна се додава уште малку овесно брашно, доколку е пресува се додава малку кокосово масло.
  5. Од смесата се формираат бомбици (во големина од една преполна лажица) и се притиснуваат на дното од калапот и потоа со раце (или чашка за ракија) се разнесува смесата и по страните. * види видео.
  6. Се печат 20тина минути односно додека не добијат малку златеникаста боја.
  7. Додека чашките се печат, се лупат јаболките. Се сецкаат на мали коцки (по желба). Се загрева нелепливо тавче и се додава кокосовото масло. Се остава да се загрее на средно-висока температура и се додаваат исецканите јаболки. се додава и циметот и се промешува. Се остава да се потпржат доволно за да фатат боичка и да оменкнат.
  8. Овесните чашки се оставаат да се оладат малку па потоа се полнат со една лажица од солен карамел и се додаваат и потпржените јаболки.
  9. Доколку не ги конзумирате веднаш. Најубаво да не ги склопувате претходно. Чувајте ги сите состојки одделно и пред конзумирање само се аранжираат.

(Visited 3.220 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *