Овесни палачинки
Состојки:
- 100 гр. (1 cup) oвесно брашно
- 240 мл. (1 cup) млеко од бадеми
- 2 лажици кокосово масло, стопено
- 2 лажици јаворов сируп
- 1 лажичка ванила, по желба
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се додаваат сите состојки и се промешува се додека смесата не се соедини
- Смесата треба да биде доволно течна за да се разлее и лесно да се оформи класична палачинка
- Се загрева нелепливо тавче на средно-висока температура. Се додава малку кокосово масло
- Кога тавата и маслото ќе бидат загреани се додава од смесата во центарот на тавата и користејки кружни движења се разлева за да се формира палачинка (процесот е ист како пржење на класични палачинки)
- Се пржат околу 3-4 минути од едната страна, внимателно се превртуваат и се пржат дополнителни 1-2 минути на другата страна
- Се повторува постапката со останатата смеса
- Се сервираат со топинзи и фил-ови по желба
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Овесно брашно може да го купите веќе готово или пак да го подготвите сами. Само додадете овесни снгулки во блендер и блендирајте додека не се иситнат и не се формира текстура на брашно
→ Млекото од бадеми може да се замени со било какво млеко вклучувајќи и обично кравјо млеко
→ Јаворовиот сируп може да се замени со агаве сируп или мед
→ Смесата за палачинки е доста деликатна па затоа е можно да се распаѓаат, затоа адаптирајте ги состојките доколку е потребно. Почнете од помала доза за првата палачинка за да видите како ќе биде и дали е потребно регулирање на температурата на ринглата или пак дали треба да додате нешто друго на смесата
(Visited 10.136 times, 1 visits today)