Состојки:

  • 270 гр. (3 cups) овесни снегулки 
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка ѓумбир
  • 1/4 лажичка морско оревче
  • 1+1/2 лажичка сода бикарбона
  • малку сол
  • 1 cup пире од тиква
  • 2 јајца
  • 100 гр. (1/3 cup) агаве (или било кој друг течен засладувач)
  • 3 лажици кокосово масло, стопено
  • 240 мл. (1 cup) млеко од бадем (или млеко по желба)
  • 1 лажичка ванила (по желба)
  • 80 гр. (1/2 cup) чоколадни капки (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 190º и се подготвува тава за мафини/калапи за мафини.
  2. Се додаваат овесните снегулки во блендер и се блендира се додека не се добие брашно. Се додава брашното во голем длабок сад. Се додаваат и сите зачини, сода бикарбона и се промешува.
  3. Во оделен сад се додаваат сите останати (течни) состојки, освен чоколадните капки ако се користат. Убаво се матат за да се соединат.
  4. Течната смеса се додава на сувата смеса и се промешува за да се соедини. Смесата треба да биде густичка. 
  5. Се додаваат и чоколадните капки на крај и се промешува само за да се соедини и распореди во смесата. Може да зачувате малку од чоколадните капки за да ги додадете врз мафинчињата.
  6. Добиената смеса се распоредува во 12 калапи за мафини. Се израмнува и се остава да се печат 15тина минути. Може ќе треба и неколку минутки повеќе, зависи од рерната. Проверете со нож или чепкалка, ако искочи чиста, без залепена смеса – готови се, ако не – оставете ги уште некое време.
  7. Се оставаат малку да се оладат пред да се извадат од калапите. Најубави се кога се топли и тазе, ама доколку сакате да ги чувате за подолго време, може да ги чувате 2 дена на собна температура или повеќе дена во фрижидер. 
(Visited 4.606 times, 7 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *