Лесни овесни вафли

Состојки

  • 100 гр. брашно од овес (сомелени овесни снегулки)
  • 120 мл. млеко од бадем 
  • 55 гр. кокосово масло, стопено
  • 2 лажици јаворов сируп
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 1 лажичка ванила (по желба)

Начин на подготовка

  1. Во длабок сад се додаваат сите течни состојки (млеко,кокосово масло,јаворов сируп и јаболков оцет) и се промешува додека не се соедини смесата
  2. На оваа смеса се додаваат останатите состојки и повторно се промешува
  3. Се остава смесата да отстои 10тина минути а во меѓувреме се загрева апаратот за вафли и се премачкува со малку кокосово масло за да се одбегне лепење на смесата
  4. Се додава од смесата и се остава да се испече околу 5-8 минути во зависност од типот и моделот на апаратот
  5. Се повторува истото со остатокот од смеса
  6. По желба се додаваат топинзи при сервирање. Топло препорачувам да се сервираат со свежо овошје и иситнети јаткасти плодови и уште малку јаворов сируп

ЗАБЕЛЕШКИ и СОВЕТИ

→ Млекото од бадем може да се замени со било какво млеко

→ Кокосовото масло се мери одкако ќе биде стопено 

→ Вафлите може да се замрзнат и да стојат до 1 месец. За да се направи тоа потребно е претходно да се оладат и да се спакуваат во одделни кеси за замрзнување.Пред конзумирање се вадат од замрзнивач и или се стоплуваат во рерна или на тава со малку кокосово масло

(Visited 5.425 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *