Состојки:

  • 90 гр. (1 cup) овесни снегулки
  • 240 мл. (1 cup) бадемово млеко, или млеко по желба
  • 2 јајца

** јас во смесата не додадов никаков засладувач, ама може вие слободно да си додадете. Мед. Јаворов сируп, кокосов шеќер и слично…. Јас сакам да додадавам врз палачинките така да вака ми беше перфектно.

Начин на подготовка:

  1. Се додаваат сите состојки во блендер и се блендира се додека не се добие кремаста смеса. Смесата треба да биде доста потечна од американски палачинки и лесно да се разлева низ тавата за печење. Ако има потреба додадете повеќе млеко. 
  2. Се загрева тавче за палачинки и се додава малку кокосово масло. Се додава со кутлача малку од смесата и се разлева низ тавата, се остава да се пржи 2-3 минути односно додека не се појават меурчиња, се превртува и се пржи дополнителни 2-3 минути. 
  3. Се продолжува постапката со останатата смеса. 
  4. Додадете топинзи по желба, завиткајте како палачинка и уживајте 🙂 
(Visited 3.045 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *