Состојки:

  • 1+1/2 cup (150 гр.) овесно брашно
  • 1/3 cup + 1 лажица (50 гр.) палента
  • 1 јајце
  • 1 канче (150 гр.) Грчки јогурт
  • 1/2 од пакетче прашок за пециво
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол по желба

За фил:

  • 1 јајце
  • 60 гр. фета сирење

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180º и се поставува хартија за печење на тава за печење. 
  2. Во длабок сад се додаваат сите суви состојки. Се промешува.
  3. Се додаваат и сите останати состојки и повторно убаво се промешува. Со намрсена рака се замесува тесто. 
  4. Тестото ќе биде доста лепливо ама ќе помогне доколку имате малку масло на рацете. 
  5. Со сукало размесете и развлечете во правоаголник. Исечете еднакви лентички (мене ми искочија 10) 
  6. Во мало тањирче додајте ги состојките за филот и убаво измешајте. 
  7. Распоредете го филот еднакво на лентичките и свиткајте да се формира ролничка.
  8. Додадете малку сусам одозгора по желба.
  9. Печете околу 20 минути. Проверете па допечете уште 7-8 минути ако има потреба. 
  10. Оставете да се оладат малку и послужете веднаш.
(Visited 439 times, 2 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *