Состојки:

  • 2 мали тиквички, рендани
  • 4 јајца
  • 1/4 cup (50 мл.) маслиново масло
  • 3/4 cup (10 лажици) палента
  • 4 лажици овесно брашно или било какво брашно
  • сол, бибер, оригано, минт или зачини по желба
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • додатоци по желба (фета, рендан кашкавал, маслинки, пршута и слично…)
  • семиња по желба (сусам, црно семе, сончоглед, семки од тиква…)

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180º и се подготвуваат калапи за мафини. Ако користите силиконски мафини нема потреба да ги премачкувате, ако користите било каква друга тава – премачкајте со масло или поставете каписли. 
  2. Во длабок сад се додаваат ренданите тиквички (нема потреба да се цедат претходно) јајцата и маслото и се промешува.
  3. Се додаваат сите останати состојки и повторно се промешува. Доколку користите некој додаток додадете го во веќе измешана смеса па потоа замешајте уште малку да се соедини со смесата. 
  4. Се печат 20 минути. Оставете малку да се оладат па извадете од калап. 
  5. Може да се конзумираат веднаш или пак чувајте во затворен стаклен сад до 2 дена на собна температура или 4 дена во ладилник.
(Visited 4.595 times, 2 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *