Палео BERRY CRUMBLE
Состојки
Овошен дел
- 450 гр. свежо шумско овошје *
- 1 лажица јаворов сируп
- 2 лажици свеж сок од лимон
- ½ лажичка ванила
*Може да се користи и замрзнато шумско овошје, само се остава од вечерта претходно да се одмрзне комплетно. Убаво да се исцеди од водата пред да се додаде.
Crumble дел
- 50 гр. бадеми
- 50 гр. ореви
- 30 гр. семки од тиква
- 3 лажици мелено ленено семе
- 3 лажици јаворов сируп
- 3 лажици мелени бадеми
- 2 лажици тапиока брашно (или обично бело брашно)
- 50 гр. кокосово масло, стопено
- 1 лажичка цимет
- малку сол
Начин на подготовка
- Се загрева рерната на 170° и се подготвува длабок сад за печење
- Во длабок сад се додаваат сите состојки за овошниот дел и нежно се промешуваат. Ако се користи замрзнато овошје особено се внимава да се се згмечат и растурат. Смесата се додава во садот за печење и се рапсоредува рамномерно
- Во сецко или блендер се додаваат бадемите,оревите и семките од тиква. Неколку пати се пулсираат за да се иситнат на помали парчиња. Може да се исецкаат и на рака. Се додаваат во сад
- На оваа смеса се додава меленото ленено семе,мелените бадеми,цимет, брашно и сол. Се промешува
- Се додаваат и останатите течни состојки и се промешува
- Ако имате проблем со мешање на смесата користете ги врвовите од прстите и промешајте убаво се додека не се добие растурена малку сува смеса во парчиња
- Се додава оваа смеса на овошниот дел и се распоредува рамномерно за да го покрие првиот дел
- Се пече 20 минути. Готово е кога горниот дел ќе добие златеникаста боја
Забелешки и СОВЕТИ
- Оревите и бадемите може да се заменат со било кои јаткасти плодови
- Шумското овошје може да се замени со било кое овошје по желба. Јаболки се исто превкусни во овој рецепт
- Тапиока брашно може да се најде во Зегин Healthy Food и други продавници за здрава исхрана
- Може да се чува во фрижидер до 5-6 дена само не заборавајте да го затворите или во стаклен сад или да го поклопите со фолија
(Visited 1.398 times, 1 visits today)