Состојки:
- 230 гр. (2 cups) оревчиња
- 150 гр. (1 cup) бадеми
- 130 гр. (1 cup) лешници
- 70 гр. (1 cup) кокосов чипс
- 65 гр.(1/2 cup) семки од сончоглед
- 40 гр. (1/4 cup + 2 лажици) сусам
- малку сол
- 2 лажички цимет
- 170 гр. пире од јаболки (домашно или купечко)
- 2 лажици мед или било кој течен засладувач
- 100 гр. (1/2 cup) кокосово масло, стопено
- 2 лажици чиа семе или ленено семе
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 160° и се поставува хартија за печење на тава за печење. Излегува доста од смесата и мене ми беа потребни две тави, за убаво да се распореди. Па или подгответе една огромна тава или две помали.
- Сите јаткасти плодови се сецкаат на мали (нееднакви) парчиња. Јас сакам да оставам и по големи парчиња за повеќе текстура. За побрзо и полесно може да се користи и блендер или сецко само внимавајте да не блендирате премногу и да се направат ептен ситни парчиња. Пулсирачка опција е идеално.
- Се додаваат во голем длабок сад заедно со кокосовиот чипс, семки од сончоглед, цимет, сусам малку сол. Се промешува се убаво да се соединат сите состојки.
- Во помал сад се додаваат кокосовото масло, пирето од јаболки, мед и чиа семето. Се промешува се убаво. Чиа семето го додаваме тука за да се помогне во текстурата да се направи како гел и ќе го користиме како “јајце” за да помогне да добиеме соединети “плочки” наместо растурена гранола.
- Се додава оваа смеса на големиот сад со суви состојки. Најубаво со раце се да се промеша и сите суви состојки да бидат соединети со течната смеса.
- Се поставува смесата на тавата за печење (или две) и се распоредува така што треба да биде во еден слој.
- Се пече 10 минути. Се врти тавата ама НЕ ЈА МЕШАЈТЕ гранолата! Се пече уште дополнителни 15 минути. Гранолата треба да добие златеникаста боја и да биде баш убаво потпеченка. Се остава комплетно да се олади пред да се искрши на парчиња. Многу е важно да не се меша при печење и да се остави комплетно да се олади ако сакате да добиете плочки од гранола. Ако не ви е важно тоа – слободно мешајте колку сакате : ).
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Гранолата искача во многу голема количина што ја прави супер опција за meal prep. Може да ја чувате во затворен сад или тегла до 2 недели во ладилник. Користете по потреба.
→ Може слободно да ја адаптирате со тоа што имате по дома. Јаткастите плодови може да се мешаат и комбинираат како сакате, само нека бидат во таа вкупна количина.
→ Со оглед на тоа што има многу малку засладувач на таа количин – ова е low sugar рецептче па ако не сте фан на low sugar рецепти – слободно додадете повеќе засладувач.
(Visited 2.977 times, 1 visits today)