Кога некој ќе ме праша омилено јадење за ручек без размилување одговарам – печен лосос со свежа салата, многу печен зеленчук и можеби пекарски компир. Незнам дали зошто стварно ми е превкусно или пак затоа што е поскапичко од нормално па не го конзумирам толку често ама одговорот е секогаш ист еве веке 3та година по ред.  Тоа што изобилува со нутритивни вредности нема да го коментираме сега иако ДА стварно е супер да се конзумира барем 2 пати неделно ама она на што сакав да дадам особено значење е колку е всушност вкусно и лесно за оброк. Ова ми е омилен и најлесен начин да го подготвувам и иако сум пробувала најразличлни рецепти сепак секогаш се вракам на овој. Најчесто го набавувам од рибарницата во Тинекс или Веро меѓутоа сигурна сум дека во било која рибарница може да го најдете само треба да побарате филе од лосос и не се срамете да прашате дали и колку е свеж.Веќе кога инвестираме во ваков оброк барем да бидеме фенси до крај ☺. 

А.. и да не заборавам. Јас го сакам екстра печен. Без никакви живкасти елементи и со екстра крцкава коричка па овој рецепт е токму за таков.

Печен лосос

Состојки

  • 1 филе од лосос 
  • ½ лажичка сол
  • малку црн бибер
  • неколку парчиња свеж рузмарин или 1 лажичка сув рузмарин
  • 1 лажица маслинов зејтин
  • лимонов сок од пола лимон
  • 1 тркалце свеж лимон исечено на две половинки (по желба)

Начин на подготовка

  1. Се загрева рерната на 220° и се подготвува тава за печење со тоа што се премачкува со малку масло за готвење за да се избегне лепење
  2. Се премива филето од лосос со ладна чиста вода и со крпа нежно се пребришува за да се отстрани остаток од вода
  3. Се поставува на тавата за печење и се премачкува со маслиновото масло од сите страни а потоа се додава лимоновиот сок.  Идеално е да се користат раце за ова за да биде подеднакво премачкано од сите страни
  4. Се додаваат и сите зачини односно сол,бибер и рузмарин. Доколку се користи свеж рузмарин само се додава на горниот дел
  5. На крај се додаваат двете половинки од лимонот 
  6. Се пече околу 25-30 минути за комплетно испечено и крцкава коричка. Доколку сакате да биде малку по живо во средината тогаш 20 минути би биле идеални
  7. Се сервира со свежа салата, печен зеленчук, компири или додаток по желба
(Visited 6.883 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *