Состојки:
- 300 гр. (2+1/2 cups) брашно од хељда
- 1 пакетче прашок за пециво
- 2 лажички сол
- 1 лажичка ориганo
- 1 лажичка ким
- 40 гр. (1/4 cup) чиа семе
- 240 мл. (1 cup) вода
- 160 мл. (2/3 cup) вода (оделено)
- 60 мл. (1/4 cup) маслиново масло (или масло по желба)
- Топинзи:
- доматно пире
- говедска пршута
- печурки
- рукола
- сусам
* слободно може да си ги адаптирате топинзите и да си додадете нешто по желба.
Начин на подготовка:
- Во мал, длабок сад се мешаат чиа семето и 240 мл. вода и се остава на страна, околу 15тина минути се додека не се претвори во гел текстура. Ова ќе ни биде замена за јајца во понатамошниот рецепт.
- Се загрева рерната на 180° и се поставува хартија за печење на тава за печење.
- Во голем длабок сад се додаваат брашното, сол, оригано, ким и прашок за пециво. Се промешува.
- На истата смеса се додаваат и остатокот (160 мл.) вода, маслиновото масло и чиа јајцето.
- Се промешува се убаво се додека не се соедини. Смеесата треба да биде доста густа и малку леплива.
- Добиената смеса се формира во голема топка и се дели на три еднакви делчиња. Се додава едно топче на тавата за печење и се растегнува тестото, за да добие форма на пица. Зошто смесата е доста леплива, најубаво ова да го правите со намрсени раце или пак со шпатула претходно натопена во масло.
- Ако немате место на тавата, печете засебно.
- Се пече 20 минути. Се вади од рерната, се додаваат сите топинзи и повторно се враќа на печење уште дополнителни 5-8 минути.
- Пицата најубаво да се јаде додека е топла, меѓутоа може и да ја чувате во ладилник и неколку дена. Пред конзумирање само стоплете ја малку во рерна и ќе биде повторно вкусна.
- Може и тестото да го замрзнете во замрзнивач и да стои 1-2 месеци. Само оставете да се одмрзне неколку часа претходно и печете исто по инструкциите погоре.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Брашно од хељда може да си направите и сами со зрно од хељда. Само измелете во блендер се додека не се добие брашнеста текстура и потоа мерете според насоките во рецептот.
→ Од овој рецепт ми искочија 3 мали пици. Со истава смеса може да направите и две поголеми пици или повеќе малечки (пита) лепчиња.
→ Чиата може да ја замените со 1-2 јајца. Имам пробано и така само јас лично преферирам кога е со чиа. Дава малку поубава текстура на овој начин.
(Visited 3.179 times, 1 visits today)