Љубителите на пица ќе бидат многу лути ако дознаат дека ова го нарекувам пица. Јас се хранам здраво, секогаш бирам здрави намирници пред фест фуд и јадам тесто во многу ретки ситуации и ПАК ќе кажам дека ова не е замена за пица ниту пак ќе ве лажам дека со овој рецепт нема да посакате обична пица веќе никогаш. Но… ова е големо НО, ова е многу интересна и забавна алтернатива доколку сакате да пробате некој нов рецепт што е 100% здрав, направен од минимални и целосни состојки, а притоа да не биде варена брокула. 

Можеби не е вистинска пица ама е навистина превкусно особено кога ќе си додадете дополнителни топинзи одозгора. 

Карфиолот скоро и да нема калории па ова би било идеално и за оние кои сакаат да намалат килограми или пак внимаваат на тежината.

Единствениот “тежок” чекор е цедењето на карфиолот. Кога мислам тежок – спремајте се за сериозна вежба за рацете. Освен тоа, другите чекори се многу лесни и едноставни, состојките се минималистички и постапката е easy breasy. 

Пробајте па кажете како ви се допаѓа.

Пица од карфиол 

Состојки:

  • 1/2 половина од средна големина карфиол, 4 cups мали цветови од карфиолот*
  • 60 гр. (1/4 cup) вода
  • 35 гр. (1/3 cup) овесно брашно*
  • 1+1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка оригано
  • топинзи по желба
  • не е толку важно да ја погодите мерката за карфиолот, ова е одприлика колку ќе ви треба. Доколку смесата не се соединува само додадете уште 1-2 лажици овесно брашно ако е многу течна или 1-2 лажици вода ако е могу сува

Начин на подготовка:

  1. Се мие карфиолот со чиста, ладна вода и се двои на помали парчиња
  2. Во тенџере се додава вода, доволно да го прекрие карфилот. Се остава водата да зоврие и потоа се додаваат парчињата карфиол
  3. Се вари 2-3 минути и потоа се намалува температурата и се остава да се готви се додека карфиолот не е потполно мек кога ќе се боцне со вилушка
  4. Се цеди од водата во која што се варел и се остава малку да се олади, доволно за да не се изгорите
  5. Во чиста крпа или газа се додава варениот карфиол и се цеди од водата. Овој чекор е доста важен затоа притискајте и цедете колку што можете повеќе
  6. Се додава карфиолот во сад и доколку сеуште има некој парчиња кои не се испасирале при цедењето, со вилушка испасирајте
  7. Се додаваат и останатите состојки и убаво се промешува. Смесата треба да биде налик тесто и лесно треба да се оформува. Додадете вода или брашно по потреба
  8. Се става хартија за печење на површината на работната маса, се додава тестото и одозгора се додава уште едно парче хартија за печење. Со сукало или со дланки формирајте пица во големина и форма по желба
  9. Додадете го тестото заедно со долниот дел од хартијата за печење на тава за печење
  10. Се пече на загреана рерна од 220º околу 25 минути. Се додаваат топинзи по желба и се пече уште дополнителни 10 минути

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Овесното брашно може да се замени со било какво брашно. Брашно од хељда, спелт брашно, интегрално па дури и обично бело брашно

→ Од оваа смеса изглегува една мала пица или за едно сервирање. Доколку ја правите за повеќе особи, дуплирајте ги состојките 

→ Пицата е идеално да се сервира и конзумира веднаш, додека е топла

(Visited 2.871 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *