


Состојки:
- 500 гр. пилешки гради, варени
- 1/2 cup кикиритки**
- 1/2 cup кисели краставички
- 2 канчиња (300 гр.) Грчки јогурт
- 1 лажичка сенф
- сол и бибер по желба
** Јас сакам да ги потпечам кикиритките во рерна пред да ги користам. Купувам солени, непечени кикиритки и само ги ставам во рерна (без масло) на 160º околу 1о-12 минути. Екстра чекор ама даваат неверојатен вкус.
Начин на подготовка:
- Пилешките гради се цепкаат на ситни парчиња. Кикиритките се сецкаат (или толчат) и киселите краставички се сецкаат на мали коцки. Се додаваат сите состојки во голем, длабок сад.
- Се додаваат и сите останати состојки и убаво се промешува додека не се соединат. Пробајте на вкус и додадете повеќе зачини ако има потреба.
- Салатката може да ја чувате во затворен, стаклен сад до 4 дена. Одлична за meal prep 🙂
(Visited 1.174 times, 4 visits today)