Состојки:

  • 500 гр. пилешки гради
  • 1 ќесичка (450 гр.) замрзнат грашок
  • 1 кромид, исецкан на ситно
  • 1 домат, исецкан на коцки
  • 1 коцка за супа
  • 2 лажички сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 2 лажички оригано
  • суви пиперки (по желба)
  • масло за готвење, јас користев масло од грозје

Начин на подготовка:

  1. Се загрева грил тава со малку масло за готвење. Во меѓувреме се одготвува пилешкото. Се сецка на мали парчиња. Се додава на загреаната тава и се остава да се пропржи односно додека не добие убава златеникаста боја. Не мора да биде комплетно зготвено зошто ќе се доготви подоцна со грашокот. Се остава на страна.
  2. Во друга тава, поголема (а може и истата ако грил тавата е доволно длабока да собере се останато. Се додава масло за готвење. Се додава исецканиот кромид и се остава да се пропржи односно. Потоа се додава и исецканиот домат, се пропмешува и се остава 1 минутка да се зготви.
  3. На крај во истата тава се додава и замрзнатиот грашок (нема потреба да се одмрзнува претходно), се промешува, се додава и пилешкото, вода (одприлика во висина на сите состојки), коцката за супа и сите зачини. Се промешува убаво и се намалува температурата на многу ниско. (На мојата рингла од 9, на 3ка). Се додаваат и сувите пиперки одозгора, се поклопува со капак и се остава да се вари на тивко 1 час. 
  4. Готово е кога бојата на грашокот ќе се смени, водата е испарена и се е убаво зготвено.
  5. Супер идеја за meal prer зошто е превкусно и кога е ладно. Може да стои во затворен сад, во ладилник од 2 до 3 дена. 
  6. Enjoy xx. 
(Visited 2.589 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *