Состојки:
- 500 гр. пилешки гради (2 парчиња)
- (1/4 cup) маслиново масло
- Сок од пола лимон (мојот лимон беше ОГРОМЕН па затоа пола ставив, ако е помал може и сокот од целиот лимон)
- неколку гранчиња магдонос (јас сакам многу, па додадов едно цело “туце”)
- 1 чешне лук
- 1 лажичка сол
- малку бибер
- неколку стапчиња за суфлаки
Зеленчук суфлаки (по желба, како side dish)
- 3 големи, зелени пиперки
- 1 главица кромид
- 10тина шери патлиџанчиња
Начин на подготовка:
- Доколку имате метални стапчиња за суфлаки – ова може да го скокнете. Ако користите дрвени стапчиња. Половина час пред редење на месото оставете ги потопени во вода да отстојат. Со ова се спречува да пукаат и да горат при пржење.
- Пилешките гради се толчат, за да се израмнат и се сецкаат на мали парчиња. Се додаваат во длабок сад и се оставаат на страна додека се подготвува сосот.
- Магдоносот се мие, се чисти и се отстрануваат дршките. Се сецка на многу, многу ситно со нож или пак во сецко за полесно. Лукот исто така се сецка на ситно, се толчи или со преса за лук се пасира.
- Во мало длабоко садче се додава маслиновото масло, исецканиот магдонос, зачините, лукот и сокот од лимон. Се промешува за да се соедини.
- Смесата се додава во садот со пилешките парчиња и се мешаат, за сите парчиња од местото да бидат прелиени во сосот. Се остава да се маринира 30тина минути или пак уште подобро преку ноќ. Колку повеќе време се маринира – толку повеќе месото ќе упие од сосовите.
- За зеленчукот, може да се користи потполно истиот сос што го правевме за пилешкото или само зачини како сол, бибер и оригано. Ако го користите сосот, тогаш повторете ја постапката за правење и направете го потполно истотото. Шери патчиџанчињата само се мијат со ладна вода, се бришат и се спремни за пржење.
- Пилешкото се реди на стапчињата и истото се повторува и со зеленчукот. Шери патлиџанчињата може да ги додадете на стапчињата, а може и така да ги потпржите цели.
- Се загрева тава со малку масло (јас користев грил тава) на средна температура. Се пржат по 4-5 минути од страна односно додека не се комплетно испржени.
- Истата постапка се повторува со зеленчук суфлакито.
- Сервирајте со дополнително салата за екстра витамини и уживајте во вкусен, здрав и лесен оброк.
(Visited 2.305 times, 1 visits today)