
Пилешко сувлаки со сос од Грчки јогурт
Состојки:
- 500 гр. пилешки гради
- сок од еден лимон
- 6 лажици маслиново масло
- 1 чешне лукче, исецкано или 1/2 лажичка лук во прав
- 1 лажичка сол
- 2 лажички копар во зачин (или свеж)
- 1 лажичка оригано
- 1/4 лажичка бибер
- 4 стапчиња за сувлаки
Сос од Грчки јогурт:
- 1 cup (едно мало пакување) Грчки јогурт или павлака
- Неколку гранчиња ситно исецкан магдонос
- сок од 1 лимон
- 1 лажичка кимион (зачин)
Начин на подготовка:
- Се сецка пилешкото на мали парчиња (како за ражничи) и се додава во голем длабок сад
- Се додаваат сите останати состојки и се промешува за секое парче да биде опфатено и прелиено со сосот
- Се поктива садот со пилешкото и се остава во ладилник, да отстои најмалку 2 часа, а идеално преку ноќ. Колку повеќе време се маринира – толку поинтензивен ќе биде вкусот
- Се редат парчињата месо на стапчињата
- Се загрева грил тава на средна температура и се додава малку масло
- Кога ќе се загрее маслото, се додаваат стапчињата и се пржат по 7-10 минути од секоја страна.
- За сосот од Грчки јогурт, се додаваат сите состојки во мал длабок сад, се промешува се додека не се соедини и доколку е потребно се додава малку масло или вода за да се изретчи.
- Се сервира топло или пак чувајте во ладилник до 5 дена. Доколку не се сервира веднаш, тогаш чувајте го сосот во одделен сад од ражничите
(Visited 5.601 times, 1 visits today)