*Овој рецепт е за 2-3 сервирања. Доколку сакате да го подготвите како дел од меал преп, дуплирајте ги сите состојки.

Состојки:

За пилешко:

  • 2 парчиња пилешки гради
  • ½ главица црвен комид, исецкан на ситни коцки
  • 1 чешне лук, пасирано или исецкано на многу ситно
  • сол и бибер, по вкус
  • полна шака (околу 1/3 cup) индиски ореви, исецкани на мали парчиња
  • 4  лажици coconut aminos (или соја сос)*
  • 1 лажица брашно по желба (јас користев брашно од наут)
  • 3 лажици вода
  • масло за готвење (јас користев масло од грозје)

За зеленчук (по желба):

  • ½ од црвена зелка
  • 1 црвена бабура

*Затоа што телото ми е интолерантно на соја и било какви производи од соја – јас користев coconut aminos (слична верзија на соја сос ама без соја). На жалост во Македонија не може да се најде и не го купувам од тука. Меѓутоа доколку сакате да пробате – единствена опција што можам да ви ја понудам е да нарачате од тука.

https://www.iherb.com/pr/Coconut-Secret-The-Original-Coconut-Aminos-Soy-Free-Seasoning-Sauce-8-fl-oz-237-ml/24098

Доколку немате проблем со соја и производи од соја, може слободно да користите и соја сос што може да се најде во поголемите маркети. Најдете само варијанта што би била со низок процент на содиум.

Начин на подготовка:

  1. Се подготвува пилешкото месо. Јас сакам да го измијам прво (ова е доста контраверзно и знам дека некои не се согласуваат со ова ама вие направете како обично би го спремиле пред готвење на месото). Се сецка на коцки и се додава во мало садче. Се остава на страна.
  2. На грил тавче или вашето омилено тавче за готвење се додава малку масло за пржење, доволно, за да спречи лепење на состојките. Се остава да се загрее малку маслото (не да гори) и се додаваат исецканите коцкички кромид и лукче. Се остава да се потпржи неколку минутки. Кога кромидот ќе добие транспарентна боја и ќе се карамелизира малку е доволно. (околу 2-3 минутки)
  3. На тавата со кромидот и лукот се додаваат и парчињата пилешко месо. Се пржи околу 4-5 минути од една страна односно додека не добие крцкава коричка.
  4. Во меѓувреме додека се пржи пилешкото, во мало садче се додава сосот (соја или coconut aminos), брашното и водата. Се меша се убаво, за да се добие густичка смеса. Ова ќе биде сосот што ќе се додаде во пилешкото. Зависно од брашното што ќе го користите можеби ќе биде потребно да се додаде повеќе.
  5. Се додава на пилешкото месо и се промешува, за да се соедини и се прелие со секое парче месо.
  6. Се додава сол и бибер по желба и повторно се промешува. На крај се додаваат исецканите индиски ореви, повторно се промешува и се поклопува тавата со капак. Се остава да се допржи уште 5 минути на многу ниска температура.
  7. Се трга од оган и се сервира веднаш.
  8. За зеленчуците. Се сече зелката и црвената бабура на тенки резанки и се додаваат во истата тава во која што се пржело пилешкото месо и се потпржуваат неколку минутки, односно да се карамелизираат и да упијат од сосот во кој претходно се пржело пилешкото. Се сервира заедно или одделно од пилешкото месо. Дополнително може да си додадете свеж млад кромид зошто ептен вкусно оди во оваа комбинација J.
  9. Пилешкото и зеленчукот може да стојат во фрижидер до 4 дена, само почекајте комплетно да се олади пред да се складира во стаклен, затворен сад. Пред јадење само стоплете го 5-6 минути на загреано тавче или во микро. Вкусно како да сте го подготвиле свежо J.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Може слободно да го прескокнете сосот од соја и брашно. Може да додадете само соја без брашно или пак воопшто да не го користите. Вкусно како и да е J

→ Јас сакам да го сервирам со свежа зелена салата.

(Visited 3.547 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *