Состојки:

База:

  • 80 гр.(1 cup) кокос
  • 110 гр. (1 cup) мелени бадеми
  • 75 гр. (1/2 cup) индиски ореви
  • 120 мл.(1/2 cup) агаве
  • 1 лажичка ванила

Фил  – ЧИЗКЕЈК:

  • 300 гр. (2 cups) индиски ореви (покиснати од вечерта претходно или најмалку 2 часа претходно)
  • 2 лажици кокосово масло, стопено
  • сок од 2 лимони
  • 60 мл.(1/4 cup) агаве
  • 2 лажици вода
  • 3 лажици акаи во прав *

Акаито може да се замени и со друг суперфуд во прав или пак со една шака замрзнати боровинки, малини и капини. Ова дава свежина за вкус и преубава виолетова боја.

Начин на подготовка:

  1. Се подготвува сад за печење што ќе служи како калап за баровите. Колачот не се пече па може да си одберете каков сад сакате. Јас користев тава за печење на леб, ама може да се користи тава за мафини, 20х20 сад, округол сад за торта и слично. Се поставува хартиха за печење за полесно отстранување на колачот.
  2. Се додаваат индиските ореви и кокосот во блендер и се блендира додека не се иситнат на мали парчиња. Се додаваат во сад заедно со останатите состојки од базата и се меша се додека не соединат и не се добие густа, леплива смеса која лесно се оформува.
  3. Ако имате добар, јак блендер може сите состојки директно да се блендираат наместо рачно да се мешаат.
  4. Се додава добиената смеса во садот и се притиска на површината. Се израмнува за да се добие рамна, еднаква површина. Се остава садот во фрижидер да се зацврсти додека се подготвува филот.
  5. Покиснатите индиски ореви се премиваат со ладна, листа вода и се процедуваат.
  6. Во блендер (не се мачете да го миете од користењето претходно) се додаваат сите состојки и се блендира се додека не се добие кремаста смеса. Доколку имате проблем со блендирање, додадете уште малку вода. Смесата што ќе се добие треба да биде густа и кремаста. Нешто слично на смути.
  7. Додадете повеќе акаи или замрзнато овошје доколку бојата не е многу интензивна J
  8. Се додава филот врз базата, се израмнува и се додаваат топинзи по желба (ако се користат). Садот се остава во замрзнивач да се стврдне најмалку 3 часа или во ладилник цела ноќ. Треба комплетно да биде зацврстено пред да се сече на барови.
  9. Баровите може да се чуваат во замрзнивач и до 2 месеци без проблем. Пред конзумирање се оставаат 30тина минути да се одмрзнат и се спремни за јадење.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Мелените бадеми се мерат одкако ќе бидат измелени во количината што треба да се користи погоре во рецептот. Секако може да се замени со било кои други јаткасти плодови.

→ Агавето може да се замени со било кој друг течен засладувач по желба, со тоа што би препорачала да биде агаве од причина што има неутрален вкус па се поклопува одлично со останатите состојки.

→ Индиските ореви (за во филот) НЕ МОЖЕ да се заменат со други јаткасти плодови. Ефектот нема да биде ист и нема да се добие посакуваната текстура.

(Visited 10.037 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *