Состојки:
- 1 канче Грчки јогурт (150 гр.)
- 1 мало цвекло или 3-4 парчиња цвекло од конзерва
- сок од пола лимон
- 1 лешне лук
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 лажичка сол
- микс од билни зачини (оригано, копар, кимион и слично)
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 200º и се додава цвеклото во мало садче за печење. Јас користев керамички сад ама може било каков.
- Се додава вода во садот одприлика до пола од тавата. Се додава цвеклото (цело) и се покрива со фолија. Се пече околу 45 минути до 1 час во зависност од тоа колкава големина е цвеклото. Готово е кога лесно ќе се боцне со нож во внатрешноста од цвеклото.
- Се додава во блендер заедно со сите останати состојки и се блендира се додека не се добие кремаста, изедначена смеса.
- Се остава во фрижидер да се олади малку или може и веднаш да се конзумира.
- Чувајте во затворен сад во ладилник 3-4 дена.
- Јас сакам да го користам во салатки, во главни јадења или како ужинка со свеж зеленчук.
(Visited 945 times, 1 visits today)