Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 140 гр. (1 cup) бадеми
  • 50 гр. кокосови снегулки
  • 2 јајца
  • зачини по желба, јас користев (1 лажичка сол + 1/2 лажичка бибер, 1+1/2 лажичка лук во прав + 1 лажичка оригано)
  • неколку лажици (1/2 cup) доматен сос 
  • масло за готвење
  • магдонос, сецкан

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 200º и се припрема сад за готвење со малку масло за готвење. Јас користев керамички сад ама може било каков сад или тава за печење.
  2. Се припрема пилешкото односно се пресекува на пола во средината за да се добијат потенки парчиња и за полесно и еднакво да се зготват. 
  3. Во блендер се додаваат бадемите, кокосот и зачините. Се блендира се додека не се иситнат и не се добие текстура на “лебни трошки”.
  4. Во мал сад се додаваат двете јајца и се матат (како за омлет). Во оделен сад се додава сувата смеса што ја подготвивме во блендер претходно.
  5. Се зема едно пилешко парче се топи во смесата со јајце па веднаш потоа во смесата со бадем. Бидете сигурни дека убаво и еднакво се прелиени во смесата. Се додава “похованото” парче месо во чист, нов тањир или сад. 
  6. Се повторува постапката со останатите парчиња месо. 
  7. Се загрева тава за пржење со 1 лажичка масло за готвење и кога ќе биде убаво загреано се додаваат похованите парчиња месо. Се пржат по 2-3 минути од страна. Нека не биде комплетно зготвено, зошто подоцна оди во рерна. Само колку да добие убава златеникаста боичка. 
  8. Се додаваат пропржените парчиња месо во претходно подготвениот сад за печење. Идеално да се преклопуваат само на краевите (како на сликата)
  9. Одозгора се додава и доматниот сос и по желба може да си додадете малку кашкавалче ако не сте dairy free.
  10. Се пече 20-25 минути. Се вади од рерна, се додава и малку исецкан магдонос одозгора за свежина.
  11. И тоа е тоа 🙂 брз, здрав и дефинитивно не секојднев оброк. 
  12. Идеално би било да се конзумира веднаш или во текот на денот, но може и да се чува во затворен сад во ладилник 2 дена. 
(Visited 3.127 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *