Полнет сладок компир со таан дресинг

Состојки:

  • 3-4 сладок компир, средна големина
  • 1 конзерва (или тегла) наут
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка црвена пиперка (зачин)
  • 1/2 лажичка кимион (зачин)
  • 1/4 лажичка црн бибер
  • маслиново масло или масло по желба (за готвење)
  • Неколку гранчиња магдонос
  • Сусам за декорација

За таан дресинг:

  • 2 лажици таан
  • сок од пола лимон
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка кимион
  • 1/4 лажичка црн бибер
  • вода, доколку е потребно

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 220º и се подготвува тава за печење
  2. Темелно се мијат сите компири и се отстранува било каква нечистотија. Со оглед на тоа што ќе се сервираат со кората, се внимава да бидат комплетно безбедни за конзумирање
  3. Со крпа се бришат за да се упие колку што е можно повеќе од водата и со вилушка или остар предмет се боцкаат по неколку пати од сите страни
  4. Се поставуваат на тавата за печење и се промачкуваат со малку масло
  5. Се печат од 40 до 50 минути во зависност од големината на компирите. Готови се оној момент кога се доволно меки и ќе можат лесно да се боцнат со вилушка
  6. Во меѓувреме додека компирите се печат, на тава се додава малку масло и се остава да се загрее
  7. Се истура водата од теглата или конзервата од наут и се премива наутот со чиста, ладна вода
  8. Се додава наутот во тавата со масло и се додаваат зачините
  9. Се остава да се пропржат околу 7-8 минути. Наутот треба да добие златеникаста боја и да добие крцкава коричка. Се остава тавата со наутот малку да се олади и се додава исецканиот магдонос
  10. Кога компирите ќе се испечат и ќе се оладат доволно за да може да се допрат, се сечат на две еднакви половинки, вертикално
  11. Секоја половина од слаткиот компир се сече во средината и се прави место за да се додаде смесата со наут. Еднакво се распоредува во сите половинки
  12. За дресингот, се додаваат сите состојки во блендер и се блендира се додека не се соедини смесата. Се додава вода по потреба додека не се добие посакуваната текстура
  13. Се додава од дресингот врз слаткиот компир и по желба се додава малку сусам

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Доколку не се конзумираат веднаш, подгответе ги сите состојки меѓутоа чувајте ги одделно. Пред конзумирање само сервирајте ги како што е наведено погоре

→ Зачините може да ги адаптирате по сопствен вкус и она што ви е достапно

→ Доколку ви треба побрз оброк, може да го скокнете пржењето на наутот и да го сервирате директно од тегла меѓутоа препорачувам доколку сте во можност да го направите овој чекор затоа што навистина прави разлика

→ Може да се сервира како главен оброк или пак како прилог со дополнително парче месо или риба

(Visited 1.951 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *