Полнети крушки со оревчиња и сите есенски зачини. Па нема поубаво, особено во овој период од годината.

 Јас лично не сум некој најголем фан на печени јаболки и крушки – повеќе преферирам да ги грицкам свежи ама ова е next level вкусно. Ако ни вие не сте фан на печени овошја само дајте му шанса на ова ! За мирисот додека се печат да не збориме тоа е само бонус. 

Во врска со рецептот… Јас користев крушки ама може секако да се заменат со јаболки иако топло препорачувам да го пробате и вака. Филингот е составен од оревчиња, зачини ,мелени бадеми  и лен па кога ќе се испечат во рерна и кога ќе закрцкаат одозгора го имате перфекниот гранола филинг . Веке знаете дека сум најголем гранола фан па се што вклучува гранола I am in. 

Рецептот нема многу додаден засладувач само 2 лажици мед и ако крушките не се довилно зрели може да фали дополнително засладувач ама препорачувам да го оставите вака како што е па кога ќе се испечат секако може да се додаде повеќе.

До сега два пати ги направив и двата пати беа изедени во истиот ден па незнам колку би издржале во фрижидер ама препоставувам дека 3-4 дена би биле океј.

Јас сакам да ги сервирам или онака како што се зошто реално перфектни се и вака или пак да додадам 2-3 лажици Грчки јогурт како опција за доручек. 

Крушки полнети со гранола филинг

Состојки

  • 3 круши (средна големина)
  • 75 гр. (2/3 cup) ореви
  • 25 гр.(1/4 cup) мелени бадеми 
  • 5 лажици кокосов чипс (или кокосови снегулки)
  • 2 лажици мелено ленено семе
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажици кокосово масло, стопено
  • 2 лажици мед

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 170° и се подготвува сад за печење така што се премачкува со кокосово масло
  2. Се сечат крушите на две половинки во должина и се вади внатрешноста. Се остава простор доволно за да се напочни со филинг. Се ставаат половинките крушки во садот за печење
  3. Во блендер се додаваат оревчињата задно со кокосовиот чипс и се блендира се додека не се иситнат на мали парчиња без притоа да се направат брашно. Може да се користи и нож и рачно да се исецкаат
  4. Се додаваат во длабок сад и се додаваат останатите суви состојки. Се промешува
  5. Се додаваат стопеното кокосово масло и медот и повторно се промешува се додека не се соедини
  6. Филингот се распоредува рамномерно во сите крушки и садот се става во загреаната рерна за печење
  7. Се печат 30тина минути односно додека филингот не добие златеникаста боја, а крушките не се омекнати
  8. Се додава уште малку мед (по желба) и се сервираат веднаш ☺

Забелешки и совети

Крушите може да се заменат со јаболки,со тоа што ќе треба да се направи дупла доза од филингот

Јас користев керамички сад и мислам дека за овој рецепт тоа е идеално меѓутоа доколку немате достапно може слободно да користите стаклед сад или обична тава за печење

Доколку при печење крушките ви изгледаат подзасушени додадете малку кокосово масло на рабовите и површината на секоја крушка и повторно вратете на печење

Оревчињата може да бидат заменети со било кои други јаткасти плодови

Доколку немате готов микс од мелени бадеми може да го направите сами така што се додаваат сирови бадеми во блендер или мулти практик и се пулсира/блендира се додека не се добие смеса налик на брашно без големи останати парчиња.

(Visited 1.076 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *