Полнети модри патлиџани со наут (веган)

Медитеранската кујна ми е можеби една од поомилените па овој рецепт не е некое големо изненадување. Потребни се неколку состојки, лесно е за подготовка и идеално како дел од meal prep. Наутот изобилува со протеини па е одличен извор на вегански протеин. Дури и да не сте на веганска исхрана пак би било одличен избор. Ок… одиме на рецептот сега

Состојки

  • 3-4 мали модри патлиџани 
  • околу 10тина шери домати
  • 1 конзерва наут
  • 1 мал кромид, исецкан на ситни коцки
  • 1 чешне лук, ситно исецкан или испасиран
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка кимион (зачин)
  • 1 лажичка оригано
  • магдонос за сервирање, ситно исецкан
  • масло за пржење

Начин на подготовка

  1. Модрите патлиџани се премиваат да се отстрани било каква нечистотија, се бришат со чиста крпа и се сечат вертикално на две половини
  2. Се поставуваат на тава за печење, се премачкуваат со масло за печење и со вилушка се боцкаат неколку пати така што нема да испукаат при печење 
  3. Се печат на загреана рерна од 220º околу 30тина минути односно додека не се боцнат со вилушка лесно. Треба да бидат меки
  4. Во меѓувреме се додава наутот во цедалка и се премива со ладна чиста вода. Се остава да се исцеди убаво додека се спремаат останатите состојки
  5. Во тава за пржење се додава малку масло за пржење и се остава да се загрее. Се додава исецканиот кромид и лук и се остава да се карамелизира односно да се пржи додека не добие транспарентна боја
  6. Се додаваат наутот,зачините и шери доматите и се оставаат да се пржат се додека наутот не добие златеникаста боја. Околу 10тина минути на средно-висока температура
  7. Испечените модри патлиџани се вадат од рерна и се пресекува внатрешниот дел на секоја половина односно се прави место да се додаде филингот од смесата
  8. Се додава рамномерно во секоја половина од модрите патлиџани еднакво и се вракаат во рерна уште 10тина минути
  9. Магдоносот се додава кога ќе се извадат од рерна
  10. Може да се чуваат во стаклен сад во фрижидер до 5 дена
(Visited 1.526 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *