


Состојки:
- 3 моркови
- 1/2 од кромид
- масло за готвење
- 1 конзерва наут
- 1 тегла доматен сос
- 1 ќесичка спанаќ
- ориз по желба
- зачини по желба***
*** ако доматниот сос ви е веќе зачинет, нема потреба да претерувате со зачини ама ако не е тогаш слободно додадете микс од зачини. Сол, бибер, оригано, кимион, кари, малку лутко и слично…
Начин на подготовка:
- Морковите и кромидот убаво се премиваат, се лупат и се сецкаат на мали коцкички. Наутот од тегла се премива со чиста вода и се процедува.
- Во тавче, на средно-висока температура се додава масло за готвење. Се додаваат сецканите моркови и кромид и се остава да се пропржи неколку минутки. Се додава и наутот, се промешува и повторно се остава неколку минутки да се пропржи.
- Се додава доматното пире и убаво се размешува за сите состојки да се соединат. Доколку користите зачини, додадете ги и нив.
- Намалете ја температурата на ниско, поклопете со капак и оставете да се крчка 15-20 минути за сите вкусови да се соединат.
- На крај се додава и спанаќот, се промешува и се поклопува за да се зготви. Се трга тавата од оган. По желба додадете и малку магдонос одозгора за свежина.
- Сервирајте со ориз или како целосен оброк.
(Visited 888 times, 1 visits today)