Состојки:

  • 7 јаболки (јас користев зелени)
  • 1/2 cup (95 гр.) кокосов шеќер
  • 1 cup (140 гр.) спелтино брашно
  • 3/4 cup (100 гр.) гриз
  • пола пакетче прашок за пециво
  • 3 лажички цимет
  • 4 лажици неутрално масло

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 250º и убаво се намрсува тава за печење. Јас користев коцкаста керамичка тава 20х20 ама може да користите било каква тава за печење. Дури и подобро би било да е малку поголемка за питата да искочи малку потенка.
  2. Се рендаат јаболките. Може да користите и сецко ама мене ми се допаѓа текстурата од рендани јаболки. Јас ги користев со се кора, само убаво измиени зошто моите беа непрскани и органски јаболки. Ако не се осеќате убаво да ги јадете така, слободно излупете ги. 
  3. Во голем, длабок сад се додава брашното, гризот, циметот, прашокот за пециво и кокосовиот шеќер и убаво се промешува за да се соедини. 
  4. На тавата за печење се додава 1/3тина од сувата смеса со брашно, потоа одозгора се додава 1/3тина од ренданите јаболки, потоа се додава 1/3тина од сувата смесата па повторно 1/3тина од ренданите јаболки и на крај уште еден слој од двете. 
  5. Знам дека овој начин е малку чуден и директно да се додава суво брашно ама верувајте ми, се тоа ќе се соедини со сочноста од јаболките на крај 🙂
  6. По желба може да додадете и сецкани оревчиња меѓу некој слој. Превкусен крцкав вкус дава на питата. 
  7. На крај се завршува со слој рендани јаболки и убаво се натапкува. 
  8. Се прелива маслото одозгора и се пече 20 минути, се намалува температурата на 150º и се пече дополнителни 30 минути. 
  9. Оставете убаво да се олади пред да ја исечете. Ова е клучно, зошто инаку целата ќе се распадне. Мора да биде убаво оладена за да се стегне и добиете убави парчиња. 
  10. Питата може да стои на собна температура 2 дена или во ладилник до 5 дена.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Кокосовиот шеќер може да го замените со друг засладувач ама идеално да биде во гранули. За течен засладувач не би можела да потврдам.

→ Спелтиното брашно може да се замени со друго брашно како интегрално брашно, ржано или овесно во истата количина. За замена на други здрави брашна – може да пробате меѓутоа не би знаела со сигурност да ви кажам.

(Visited 4.355 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *