

Состојки:
- 2 зрели банани
- (помалку од 1 cup) 240 мл. јогурт**
- 2 јајца
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1/2 лажичка ванила (по желба)
- 1 + 1/2 cup (170 гр.) овесно брашно
- 1/2 cup (50 гр.) протеин
- замрзнато шумско овошје, за топинг (по желба)
** може ќе има потреба да се додаде повеќе јогурт. Почнете со количината наведена погоре, па доколку има потреба ќе додадете накнадно.
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 180º и се поставува хартија за печење на тава за печење. Јас користев кружна тава (27 cm.) , ама може било каква.
- Се пасираат бананите па се додаваат во голем, длабок сад. Се додаваат и јајцата, јогуртот и ванилата. Се промешува додека не се соединат.
- На истата смеса се додаваат протеинот, овесното брашно и прашокот за пециво. Се промешува се додека состојките не се соединат. Смесата ќе биде прилично густа, па ако имате потреба додадете повеќе јогурт. Треба лесно да се растече и додаде во тавата за печење.
- Се додава и шумското овошје одозгора како топинг доколку се користи.
- Се пече 5 минути, потоа се намалува температурата и се пече дополнителни 20 минути. Тортата е готова кога со нож ќе боцнете во средината и ќе излезе чист, без залепена смеса. Ако има потреба печете уште дополнителни 5 минуги.
- Оставете да се олади малку пред да сечете.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Ако не сакате да користите протеин, може да замените со повеќе овесно брашно во истата количина како протеин.
→ Јас користев вегански протеин во вкус од солен карамел ама можете било каков.
→ Шумското овошје може да го замените со вишни, јаболки или сосема да го изоставите. Исто како топинг може да користите и чоколадо парчиња, кокос, сецкани јаткасти плодови и слично…
→ Во овој рецепт не додадов никаков дополнителен шеќер како агаве, јаворов, мед и слично зошто ми беше доволно благо од протеинот и бананите. Ако сте фан на повеќе благо или не користите протеин – тогаш додадете си некој засладувач по желба.