


Состојки:
- 250 гр. (1 cup) путер од јаткасти плодови **
- 100 мл. (1/3 cup) агаве сируп или било каков течен засладувач
- 50 гр. + 2 лажици (1/2 cup + 2 лажици) кокосово брашно ***
- 50 гр. (1/2 cup) протеин ***
- 100 гр. (2/3 cup) чоколадни парчиња или црно чоколадо
- 2 лажици кокосово масло
- крупна, морска сол за декорација (по желба)
Начин на подготовка:
- Во голем, длабок сад се додаваат путерот од јаткасти плодови и агавето. Се промешува за да се соедини.
- На оваа смеса се додаваат кокосовото брашно и протеинот. Повторно се меша се додека смесата не се соедини и не се добие густа и “тегава”смеса. Доколку смесата не е доволно густа, додадете уште 1 лажица кокосово брашно или протеин.
- Се додава добиената смеса во претходно подготвена тава што ќе ни служи како калап. Обложете ја со хартија за печење за полесно да се извадат баровите подоцна.
- Се израмнува рамномерно на дното од тавата и се остава на страна додека го подготвуваме чоколадниот прелив.
- Во мало тенџерче се додаваат чоколадните парчиња и кокосовото масло. На ниска температура се остава да се растопи.
- Се додава на базата, се израмнува и се остава во фрижидер да зацврсти убаво пред да се исече на барчиња.
- Се додава и малку морска сол одозгора по желба за salted caramel вкус.
- Барчињата може да се чуваат во ладилник 7-8 дена или пак во замрзнивач до 1-2 месеци.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
** Јас користев путер од индиски ореви. Може да користите било каков путер (од кикиритки, од бадеми, од лешници) само нека биде путерот течен, а не од оние густите за полесно да се измеша. Во зависност од кој путер ќе го изберете можно е бојата на барчињата да варира.
*** Кокосово брашно (фино мелено) не кокосови снегулки !
*** Јас користев вегански карамел од солен карамел, ама може да користите било каков протеин што веќе го имате дома. Вкусот ќе варира ама верувам дека ќе биде подеднакво вкусно. Ако не сакате да додадете протеин, слободно користете само кокосово брашно, значи вкупно 100 гр. кокосово брашно.
(Visited 9.566 times, 1 visits today)