Протеински палачинки со брашно од наут
Состојки:
• 60 гр. (1/2 cup) брашно од наут
• 2 лажици какао во прав
• 1 дозерка протеин од чоколадо (или протеин по желба)
• 2 лажички прашок за пециво
• малку сол
• 180 мл. (3/4 cup) вода
Начин на подготовка:
- Во голем, длабок сад се додаваат сите состојки и се промешува се додека смесата не се соедини.
- Се остава смесата да отстои 5-10 минути. Смесата треба да биде погуста од вообичаено затоа нека не ве загрижува тоа.
- Се загрева малку масло на нелеплива тава. Кога маслото ќе се загрее се додава од смесата и се формира палачинка.
- Се пржат на средна температура по 4 минутки од двете страни.
- Се сервираат топли или се оставаат да се оладат комплетно пред да се замрзнат или да се остават во ладилник.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Брашно од наут може да се најде во сите продавници за здрава исхрана на рефус. За разлика од другите здрави брашна, ова е попристапна цена. До сега не сум имала среќа да начекам во супермаркети
→ Овие палачинки може да се замрзнат така што, се оставаат комплетно да се оладат, се додаваат во одделни ќесички или садови (за лесно вадење) и пред употреба се додаваат на тостер или во рерна, се додека не се одмрзнати
(Visited 3.368 times, 1 visits today)