Состојки:

За пандишпан:

  • 3 јајца
  • 3 лажици стевиа
  • 1/4 cup + 1 лажица (100 мл.) млеко од бадем 
  • 3 лажици кокосово масло
  • 1/3 cup (50 гр.) протеин од ванила (може и без)
  • 2/3 cup (60 гр.) овесно брашно
  • пола пакетче прашок за пециво
  • сок од 1 портокал

За пудинг:

  • 2 протеински пудингчиња од ванила
  • кора од портокал

За чоколадо:

  • 1 црно чоколадо
  • 1 лажичка кокосово масло

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 170º и се поставува хартија за печење на тава за печење. 
  2. Во длабок сад се додаваат белките и стевиата и се мати со миксер додека не се добие воздушеста, бела смеса. Се додаваат и жолчките и повторно се меша со миксер. 
  3. Се додаваат и останатите состојки (освен портокалот) и се промешува за да се соедини смесата. 
  4. Се додава во тавата за печење и се пече 15 минути. Се вади од рерна и се прелива со сокот од портокал. 
  5. Кога малку ќе се излади колачот се додава пудингот од ванила и кората од портокал. 
  6. Во мало тенџерче се додава црното чоколадо со кокосовото масло и се остава да се растопи на ниска температура. Се додава врз пудингот.
  7. Се остава да се стврдне малку па се сече на коцки. 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Стевиата може да ја замените со било кој друг засладувач.

→ Може да си подготвите и сопствен пудинг доколку сакате, мене ми беше полесно да користам купечки. 

→ Овие барчиња нема комплетно да се зацврстат доколку користите готов протеински пудинг ама ако ги оставите преку вечер во фрижидер ќе имаат малку подобра форма од мојата (јас бев малку нестрплива)

(Visited 2.270 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *